ПРОФЕСИОНАЛНИ СТУДИИ ПО МЕНАЏМЕНТ

Студирај модерен и професионален

БИЗНИС МЕНАЏМЕНТ

…подготвени за работа уште од првиот работен ден.

  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ

    Времетраењето на додипломските студии по Бизнис менаџмент изнесува 3 години или вкупно 6 семестри.

  • 180 ЕКТС

    Со завршување на студиската програма се стекнувате со 180 ЕКТС кредити.

  • АКРЕДИТИРАНА ДИПЛОМА

    Називот на дипломата е: Дипломиран бизнис менаџер, а е признаена ширум Европа и светот!

  • СТУДЕНТСКА ПРАКСА!

    Повеќе од 100 дена пракса во реални компании и работа на реални проекти!

  • СТУДИСКА ПРОГРАМА

    На копчето подолу, преземете ја целосната студиска програма по Бизнис Менаџмент.

Додипломските студии (3 години) по бизнис менаџмент се наменети за сите оние кои се гледаат себеси на менаџерска позиција или пак планираат за основаат сопствен бизнис и да бидат „сам свој газда“. Студиите се комбинација од предметна настава и пракса во компании со цел нашите дипломирани студенти да бидат подготвени за работа уште од првиот работен ден. Во текот на студиите се реализираат повеќе од 100 дена пракса.

Преку студиската програма по бизнис менаџмент студентите ќе научат успешно да: планираат, организираат, делегираат и контролираат процеси, активности и луѓе. Покрај ќе ги развијат и своите вештини за: истражување и анализа, презентирање, комуникација, решавање конфликти, продажба и слично, кои се задолжителни за успех во менаџментот.

Наставата кај редовните студенти се одвива во мали групи (до 18 студенти), а распоредот е таков што во еден ден се обработува еден предмет. Покрај ова, наставата не е класично теоретско предавање од професорот, туку во секој ден се опфатени и студии на случај, тимска работа и презентации, така што наставата е максимално интерактивна. Вонредните студенти исто така следат настава (попладне), а секој предмет има 3 клучни активности и тоа: 5 предавања по предмет, изработка на проектен извештај и полагање испит

Називот на дипломата по успешно завршување на студиите е дипломиран бизнис менаџер.

СТРУКТУРА НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

ЛИСТА НА ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ

ФЛЕКСИБИЛНА ШКОЛАРИНА

Отплаќајте ја школарината по сопствена динамика. Максимум до 36 месечни рати во интерен договор со БАС. Без банки, без камати и без ограничувачки договори. Следи не постојано за тековни промоции или повици за стипендирање!

Пресметајте ја висината на месечната рата за школарина со калкулаторот подолу:


				

РЕГУЛАР

целосна школарина без скриени трошоци
4200
За уплата на школарината во целост, БАС одобрува 10% попуст.

ПАКЕТ 3+1

пакет додипломски и постдипломски студии!
5700 4400
Уникатна можност за два степени образование и две дипломи во еден пакет!
Промоција

КАДЕШТО ТЕОРИЈАТА СЕ СРЕЌАВА СО ПРАКСАТА!

Студиската програма на прв циклус на студии на БАС по Бизнис менаџмент е со времетраење од 3 (три) години распоредени во 6 (шест) семестри. Студиската програма се вреднува со 180 ЕКТС кредити. Секоја година од студиската програма содржи 60 ЕКТС кредити.

Студиската програма е составена од 25 наставни предмети. Секој предмет од студиската програма се вреднува со одреден број на ЕКТС кредити. Студиската програма содржи задолжителни и изборни предмети. Задолжителните наставни предмети од студиската програма се од соодветната област. Изборните наставни предмети студентите ги избираат од листата на изборни наставни предмети на студиската програма или од понудените изборни модули.

Согласно член 139 став 6 од Законот за високото образование (Службен весник на Р. Македонија бр 82/18) изборните наставни предмети сочинуваат најмалку 10%, а најмногу 30% од бројот на ЕКТС кредитите во студиската програма. Во студиската програма по Бизнис менаџмент на прв циклус на студии на БАС изборните предмети сочинуваат 27.22% од бројот на ЕКТС кредитите во студиската програма. Со други зборови, во рамки на трите години студии на Бизнис менаџмент, студентите имаат шанса да одберат 7 предмети по своја желба.

Со завршување на секој семестар се стекнуваат вкупно 30 ЕКТС кредити, што значи дека се постигнува подеднаква оптовареност во рамките на секој семестар и секоја студиска година. Со завршувањето на секоја студиска година се стекнуваат вкупно 60 ЕКТС кредити. Со завршување на целата студиска програма се стекнуваат вкупно 180 ЕКТС кредити и стручна титула: Дипломиран бизнис менаџер

Day
Hr
Min
Sec

Пријави се пред истекот на времето и очекувај ги натамошните инструкции на твојот емаил!

Еве, веднаш ќе се пријавам!
Не благодарам, не ми треба стипендија X