Приказната за БАС започнува многу пред нашето официјално основање во 2007 година. Професорот Цветко Смилевски кој целиот свој професионален живот го минува во областа на образованието чувствува дека е време сето свое искуство да го вклопи во современа и модерна академија која ќе понуди револуционерен начин на студирање во Македонија, надополнувајќи ги сите недостатоци кои ги има застарениот модел на високо образование. Така, на една случајна прошетка заедно со својот син, Горазд Смилевски, одлуката за основање на модерни и професонални студии по менаџмент е донесена. Тука е и третиот член на основачкото трио, Цена Смилевска, сопруга на Цветко, чија идеја е името, Бизнис Академија Смилевски – БАС.
Формално сме основани во 2007 година кога ја добиваме и акредитацијата од МОН, како и дозволата за работа. Една година траат подготовките, изборот на наставен кадар, подготовката на наставни материјали и во 2008 година стартуваме со настава првата генерација на студенти по оперативен менаџмент.
Во моментов имаме три студиски програми:
Наставата на сите студиски програми ја одржуваме во Скопје каде што е и седиштето на БАС и на нашата втора локација во Битола.
Нашата мисија е да создаваме кадри кои се подготвени за работа уште од првиот работен ден!
Оваа наша мисија ја остваруваме преку неколку принципи кои се наши ѕвезди-водилки во се што правиме:
Ако зборуваме за тоа што добиваат нашите студенти и кои се карактеристиките кои не одвојуваат од останатите можеме да се пофалиме со следново:
Ако треба да се претставиме со една реченица би рекле дека сме институција која го препознава потенцијалот на индивидуалците и работи на максимално искористување на истиот.
Матурант или на возраст до 22 години, пријави се на натпреварот и можеш да освоиш стипендија до 60% од школарината на студиите по бизнис или маркетинг менаџмент!
Почитувани, во моментов телефонскиот број на БАС Скопје (02 2455 754) е во прекин. Додека се работи на отклонување на техничкиот проблем, ве молиме побарајте не на info@bas.edu.mk, опцијата за chat на самата веб страница или кај колегите во БАС Битола на 047 225 218
Со кликање на ова копче, ќе ви се отвори нова страница или вашиот емаил клиент преку кој ќе може да ни пишете директно порака на info@bas.edu.mk.