- +389 2 2455 754
- info[@]bas.edu.mk
- Јане Сандански 111/2, Скопје
- Херцег Нови бр. 6, Битола
Студии за бизнис и оперативни менаџери, надлежни за сите аспекти и операции во бизнисот. Три години, 6 семестри и 180 ЕКТС до Дипломиран Бизнис менаџер.
Стручни и професионални маркетинг менаџери и се потребни на секоја компанија, и тукму затоа БАС ја создаде оваа програма. Три години, 6 семестри и 180 ЕКТС до Дипломиран Маркетинг менаџер
Специјалистички студии за стратегиски менаџери. Менаџери кои гледаат надалеку и ја водат и развиваат својата компанија. Едногодишни студии, 60 ЕКТС и диплома - Специјалист по стратегиски менаџмент.
Ако си матурант или имаш највеќе до 22 години возраст а сакаш да студираш бизнис или маркетинг, пријави се на традиционалниот натпревар за стипендии на БАС! Можеш да освоиш стипендија до 60% од школарината!
Пополни ја регистрацијата и очекувај насоки на твојот емаил!
Времетраењето на постдипломските студии по Стратегиски менаџмент е 1 година и два семестри.
Со завршување на студиската програма се стекнувате со 60 ЕКТС кредити.
Називот на дипломата е: Специјалист по стратегиски менаџмент, а е признаена ширум Европа и светот!
На копчето подолу, преземете ја целосната студиска програма по Стратегиски Менаџмент.
Постдипломските, специјалистички студии (1 година) по стратегиски менаџмент се наменети за сите оние кои се гледаат себеси на врвна менаџерска позиција (топ-менаџмент) или пак се сопственици/идни сопственици на бизнис на кои им се потребни дополнителни компетенции за успешно водење на бизнисот.
Преку студиската програма по стратегиски менаџмент студентите ќе научат успешно да: планираат, организираат, делегираат и контролираат процеси, активности и луѓе. Покрај ќе ги развијат и своите вештини за: истражување и анализа на пазарот и окружувањето; изработка на деловна стратегија и бизнис план; воспоставување системи на комуникација во организацијата; успешно ги решавање конфликтите; планирање и организирање продажбата; вработување, мотивирање и поставување на вистинските вработени на правото место и сл.
Наставата се одвива во мали групи до (18 студенти), а распоредот е таков се слуша и полага предмет по предмет. Секој предмет има 3 клучни активности и тоа: 5 предавања по предмет, изработка и презентација на проектен извештај и полагање испит. Наставата се одвива попладне и не е само класично теоретско предавање од професорот, туку во секој ден се опфатени и студии на случај, тимска работа и дебати на темата, така што наставата е максимално интерактивна и се базира на размена на искуства.
Називот на дипломата по успешно завршување на студиите е специјалист по стратегиски менаџмент.
Изработката на специјалистичкиот труд е поделен на два дела и тоа:
Ко-основач на БАС
Студиската програма по Стратегиски менаџмент ја отсликува модерната потреба од професионални, високо стручни и посветени менаџерски кадар. Академската заедница на БАС долги години работи на полето на остручување и обезбедување на менаџерски кадар за потребите на македонските организации.
Отплаќајте ја школарината по сопствена динамика. Максимум до 36 месечни рати во интерен договор со БАС. Без банки, без камати и без ограничувачки договори. Следи не постојано за тековни промоции или повици за стипендирање!
Пресметајте ја висината на месечната рата за школарина со калкулаторот подолу:
Студиската програма содржи 60 ЕКТС кредити.Еден кредит соодветствува со 27 часа работа, што значи вкупна оптовареноста на студентот изнесува 1620 часа за една година. Бројот на кредити за предметната програма се утврдува врз основа на предавања, завршни испити, консултации, реализирани вежби, изработка на проектен извештај, теренска работа, самостојна работа и др.
До крајот на првиот семестар студентите треба да се определат за изборни предмети од листата на изборни предмети и наслов и ментор за специјалистички труд.
Во листата на изборни наставни предмети на наставната програма која се изведува на БАС, може да бидат вклучени и наставни предмети од други акредитирани студиски програми на втор циклус на студии на БАС за кои одлучува Наставничкиот совет на БАС.
Наставничкиот совет на БАС одлучува кои наставни предмети ќе ги понуди за избор на студентите. Од понудените изборни наставни предмети, студентите ќе може да го направат својот избор.
Матурант или на возраст до 22 години, пријави се на натпреварот и можеш да освоиш стипендија до 60% од школарината на студиите по бизнис или маркетинг менаџмент!