Додипломските студии (3 години) по бизнис менаџмент се наменети за сите оние кои се гледаат себеси на менаџерска позиција или пак планираат за основаат сопствен бизнис и да бидат „сам свој газда“. Студиите се комбинација од предметна настава и пракса во компании со цел нашите дипломирани студенти да бидат подготвени за работа уште од првиот работен ден. Во текот на студиите се реализираат повеќе од 100 дена пракса.
Преку студиската програма по бизнис менаџмент студентите ќе научат успешно да: планираат, организираат, делегираат и контролираат процеси, активности и луѓе. Покрај ќе ги развијат и своите вештини за: истражување и анализа, презентирање, комуникација, решавање конфликти, продажба и слично, кои се задолжителни за успех во менаџментот.
Наставата кај редовните студенти се одвива во мали групи (до 18 студенти), а распоредот е таков што во еден ден се обработува еден предмет. Покрај ова, наставата не е класично теоретско предавање од професорот, туку во секој ден се опфатени и студии на случај, тимска работа и презентации, така што наставата е максимално интерактивна. Вонредните студенти исто така следат настава (попладне), а секој предмет има 3 клучни активности и тоа: 5 предавања по предмет, изработка на проектен извештај и полагање испит
Називот на дипломата по успешно завршување на студиите е дипломиран бизнис менаџер.