- +389 2 2455 754
- info[@]bas.edu.mk
- Јане Сандански 111/2, Скопје
- Херцег Нови бр. 6, Битола
Студии за бизнис и оперативни менаџери, надлежни за сите аспекти и операции во бизнисот. Три години, 6 семестри и 180 ЕКТС до Дипломиран Бизнис менаџер.
Стручни и професионални маркетинг менаџери и се потребни на секоја компанија, и тукму затоа БАС ја создаде оваа програма. Три години, 6 семестри и 180 ЕКТС до Дипломиран Маркетинг менаџер
Специјалистички студии за стратегиски менаџери. Менаџери кои гледаат надалеку и ја водат и развиваат својата компанија. Едногодишни студии, 60 ЕКТС и диплома - Специјалист по стратегиски менаџмент.
Студиите на далечина во БАС се наменети за сите оние кои од оправдани причини не можат редовно да следат настава. Наменети се за лица кои: работат во смени; често патуваат, работат во странство или пак имаат одредени здравствени проблеми кои ги спречуваат во редовното следење на настава.
Студентите на далечина имаат статус на вонредни студенти кои треба да ја докажат својата спреченост поради некоја од горенаведените причини со соодветен документ.
Во однос на наставата, студентите ги добиваат сите наставни материјали за конкретниот предмет, самостојно се подготвуваат за испитот и штом бидат подготвени преминуваат кон полагање на испитот. По потреба, се закажува и онлајн консултативна средба со соодветниот професор.
За целиот процес да тече без проблеми се грижи Координатор за студенти на далечина.
Ко-основач на БАС
Студиската програма по Бизнис менаџмент ја отсликува модерната потреба од професионални, високо стручни и посветени менаџерски кадар. Академската заедница на БАС долги години работи на полето на остручување и обезбедување на менаџерски кадар за потребите на македонските организации.
Матурант или на возраст до 22 години, пријави се на натпреварот и можеш да освоиш стипендија до 60% од школарината на студиите по бизнис или маркетинг менаџмент!