ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ

Студирај професионален, современ и практичен

СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

...ready for work from the first day.

  • DURATION

    Времетраењето на постдипломските студии по СМЧР е 1 година и два семестри.

  • 60 ЕКТС

    Со завршување на студиската програма се стекнувате со 60 ЕКТС кредити.

  • ACCREDITED DIPLOMA

    Називот на дипломата е: Специјалист по стратегиски менаџмент на човечки ресурси, а е признаена ширум Европа и светот!

  • STUDY PROGRAM

    На копчето подолу, преземете ја целосната студиска програма по Стратегиски Менаџмент на човечки ресурси.

Постдипломските, специјалистички студии (1 година) по стратегиски менаџмент на човечки ресурси се наменети за сите оние кои се гледаат себеси на врвна менаџерска позиција (топ-менаџмент) или пак се сопственици/идни сопственици на бизнис на кои им се потребни дополнителни компетенции за успешно планирање, организирање и водење на човечките ресурси како основен елемент на бизнисот.

Студиската програма на втор циклус на студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси профилира професионални менаџери за човечки ресурси кои ќе ги задоволат потребите на пазарот на труд чија потреба ја имаат малите, средните и големите организации, како и корпорациите.

Со оглед на тоа што човечките ресурси се најважните и најзначајните ресурси за секоја организација, многу е важно нивното менаџирање. Организациите денес функционираат како отворени системи кои доколку сакаат долгорочно да опстојат мора да реагираат на промените на опкружувањето. Функциите на менаџментот на човечки ресурси се постојано променливи. Па токму поради тоа, менаџирањето на човечките ресурси станува се попотребно особено кога неговите активности се изложени на брзите промени што ги носи третата и четвртата индустриска револуција. Современите концепти од оваа област ќе им помогнат на студентите на студиската програма по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси да:
• Ги следат промените и трендовите од оваа област и да ги имплементираат во конкретна организација;
• Да бидат во тек со новата технологија и новите производни концепти;
• Да стекнат вештини за создавање на додадена вредност на организацијата преку своите човечки ресурси кои ќе ја обезбедат нејзината конкурентска предност на пазарот;
• Да ги променуваат вредностите со новиот работен и животен стил и сл.

Наставата се одвива во мали групи до (18 студенти), а распоредот е таков се слуша и полага предмет по предмет. Секој предмет има 3 клучни активности и тоа: 5 предавања по предмет, изработка и презентација на проектен извештај и полагање испит. Наставата се одвива попладне и не е само класично теоретско предавање од професорот, туку во секој ден се опфатени и студии на случај, тимска работа и дебати на темата, така што наставата е максимално интерактивна и се базира на размена на искуства.

Називот на дипломата по успешно завршување на студиите е специјалист по стратегиски менаџмент.

STRUCTURE OF THE STUDY PROGRAM

СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРУД

Насоки за изработка на специјалистичкио труд

Изработката на специјалистичкиот труд е поделен на два дела и тоа:

  • Дизајн на трудот (5ектс) – Темата заедно со изборот на ментор се пријавува во втор семестар
  • Теренска работа (10ектс) / Истражување и комплетирање на трудот – Се завршуваат по комплетирање на вториот семестар

Проф. д-р Цветко Смилевски

Ко-основач на БАС

Студиската програма по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси ја отсликува модерната потреба од професионални, високо стручни и посветени менаџерски кадри. Академската заедница на БАС долги години работи на полето на остручување и обезбедување на менаџерски кадар за потребите на македонските организации.

FLEXIBLE TUITION

Pay your tuition at your own pace. Maximum of 36 monthly installments in an internal agreement with BAS. No banks, no interest and no restrictive agreements. Follow us constantly for current promotions or scholarship calls!

Calculate the amount of the monthly tuition installment with the calculator below:

ФЛЕКСИ ПДС

школарина на 12 рати
125
Целосниот износ за студирање изнесува 1500€ за целосната студиска програма. Во овој износ не се вкалкулирани различните попусти по основ на трансфер, тековни промоции или стипендии.

REGULAR

целосна школарина
1500
За уплата на целата школарина во целост, БАС одобрува до 10% попуст.

WHERE THEORY MEETS PRACTICE!

Студиската програма содржи 60 ЕКТС кредити.Еден кредит соодветствува со 27 часа работа, што значи вкупна оптовареноста на студентот изнесува 1620 часа за една година. Бројот на кредити за предметната програма се утврдува врз основа на предавања, завршни испити, консултации, реализирани вежби, изработка на проектен извештај, теренска работа, самостојна работа и др.
До крајот на првиот семестар студентите треба да се определат за изборни предмети од листата на изборни предмети и наслов и ментор за специјалистички труд.

Во листата на изборни наставни предмети на наставната програма која се изведува на БАС, може да бидат вклучени и наставни предмети од други акредитирани студиски програми на втор циклус на студии на БАС за кои одлучува Наставничкиот совет на БАС.
Наставничкиот совет на БАС одлучува кои наставни предмети ќе ги понуди за избор на студентите. Од понудените изборни наставни предмети, студентите ќе може да го направат својот избор.

Day
Hr
Min
Sec

Sign up before the deadline and wait for further instructions in your email!

Here, I'll sign up right away!
No thanks, I don't need a scholarship X