Менаџментот е занает како и секој друг и истиот се учи најдобро преку пракса. Студиската програма е така конципирана да во текот на целото студирање нашите студенти реализираат практична настава. Генерално, студентите се ангажирани на преку една од трите форми на учење: набљудување, помагање во работата, самостојна работа. Природно, на почеток на студиите вклученоста е повеќе преку набљудување и помагање, а како студентите се ближат кон крајот, фокусот на практичната настава е на самостојната работа.
Практичната настава се реaлизира во партнерски организации (ПО) со кои имаме потпишано спогодби за соработка. Во ПО имаме обезбедено ментори кои се грижат за целокупната пракса така што ја организираат праксата на студентите низ ПО и го следат нивниот напредок.
Од страна на БАС за целокупниот процес е задолжен Координатор за ТСП чија задача е да наоѓа нови партнерски организации, да ја организира целокупната пракса на студентите и да го следи нивниот напредок.
Во БАС, единствена обврска која ја има студентот во однос на практичната настава е да биде редовен на средбите и да ги завшрува обврските кои му се дадени од страна на менторот.
Ние како БАС силно веруваме во овој модел на учење кој претставува спој на теорија и пракса. Теоретската подготвеност е одлична за согледување на „големата слика“, а практичните вештини се оние кои ја создаваат додадената вредност.
Во прв семестар се лабораториски вежби каде студентите формираат виртуелни компании и работат на реални задачи (изработка на маркетинг стратегија, продажни презентации на производи/услуги, подготовка на тендер и сл.) водејќи сметка за профитабилноста на секој од предизвиците. Целиот процес е надгледуван од Координаторот за пракса кој во случајот има улога на фасилитатор на процесот и нема никакво директно влијание врз резултатите кои ќе ги остварат компаниите.
Во втор семестар, студентите заедно со Координаторот имаат групни посети на нашите партнерски организации каде се запознаваат со: визијата и мисијата на компанијата; организациската структура, производите/услугите, секојдневната работа на менаџерите и сл. Преку овие активности студентите првично се запознаваат со нашите партнерски организации и „пикираат“ во кои компании би сакале да ја реализираат праксата.
Во понатамошниот дел од студирањето (преостанатите 4 семестри и двете летни паузи) секој студент е на пракса во доделена партнерска организација каде е вклучен во работата на менаџерите преку: набљудување, помагање и самостојна работа. На овој начин ги подготвуваме студентите за она што ги чека по дипломирањето, а оние студенти кои се истакнуваат добиваат понуда за работа уште веднаш. За време на праксата, секој од студентите има назначен ментор кој ги задава задачите и го следи напредокот на студентот. Координаторот за пракса во БАС е во постојана комуникација и со студентот и со менторот, со цел да се осигура дека процесот тече како што треба.
Во текот на додипломските студии, нашите студенти посетуваат структурирана пракса во партнерските организации. Оваа пракса се изведува низ целата академска година по еден ден неделно, а дополнително во летниот период, се изведува пракса со времетраење од минимум 15 работни дена.
Sign up before the deadline and wait for further instructions in your email!