Студирај модерен и професионален МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ

ПРОФЕСИОНАЛНИ СТУДИИ ПО МЕНАЏМЕНТ
Пријави се уште денес!
Lorem Ipsum is simply dumy text of the printing typesetting industry lorem ipsum.

…подготвени за работа уште од првиот работен ден.

  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ

    Времетраењето на додипломските студии по Маркетинг менаџмент изнесува 3 години или вкупно 6 семестри.

  • 180 ЕКТС

    Со завршување на студиската програма се стекнувате со 180 ЕКТС кредити.

  • АКРЕДИТИРАНА ДИПЛОМА

    Називот на дипломата е: Дипломиран маркетинг менаџер, а е признаена ширум Европа и светот!

  • СТУДЕНТСКА ПРАКСА!

    Повеќе од 100 дена пракса во реални компании и работа на реални проекти!

  • СТУДИСКА ПРОГРАМА

    На копчето подолу, преземете ја целосната студиска програма по Маркетинг Менаџмент.

Имајќи во предвид дека Маркетингот особено Дигиталниот маркетинг постепено станува составен дел на секоја компанија овозможувајќи максимизирање на профитот преку целосно задоволување на потрошувачите ја наметнува потребата за целосно истражување на пазарот, особено потребите на потрошувачите кои постепено се оддалечуваат од стандардните производи и бараат микросегментирање и приспособување на понудата на индивидуалните и уникатни барања.

 
Од друга страна пак, ова време на промени бара брзи реакции од страна на менаџерите во насока на усогласување на целите, способностите и ресурсите на компаниите, со потребите и можностите на пазарот. Целокупниот спектар на маркетингот: производите, услугите, луѓето, местата, информациите, идеите, потрошувачите и пазарите бара сериозна анализа и стратегиски пристап со што оправдано се наметнува потребата од воведување на студиската програма по Маркетинг Менаџмент на БАС.
 
Oсновна цел на оваа програма е да понуди комбинација од теоретски и практични знаења за студeнтите кои ќе им овозможат нивно вклучување во било кој производствен или продажен систем и решавање на сите менаџерски предизвици. На ваков начин тие се оспособуваат за идентификување на современите проблеми во општеството, можностите и заканите, наоѓање на алтернативни решенија, нивна примена во процесот на решавање на потребите како на потрошувачите така и на компанијата вклучувајќи ги сите етички, правни и политички аспекти.
 
Називот на дипломата по завршување на студиската програма е: Дипломиран маркетинг менаџер

СТРУКТУРА НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

ВТОРА ГОДИНА

ТРЕТ СЕМЕСТАР
ЧЕТВРТ СЕМЕСТАР
  • Дигитален маркетинг
  • Маркетинг истражување
  • Односи со јавност
  • Изборен предмет 3

ТРЕТА ГОДИНА

ПЕТТИ СЕМЕСТАР
ШЕСТИ СЕМЕСТАР

ЛИСТА НА ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ

ФЛЕКСИБИЛНА ШКОЛАРИНА

Отплаќајте ја школарината по сопствена динамика. Максимум до 36 месечни рати во интерен договор со БАС. Без банки, без камати и без ограничувачки договори. Следи не постојано за тековни промоции или повици за стипендирање!

Пресметајте ја висината на месечната рата за школарина со калкулаторот подолу:


				

РЕГУЛАР

целосна школарина без скриени трошоци
4200
За уплата на школарината во целост, БАС одобрува 10% попуст.

ПАКЕТ 3+1

пакет додипломски и постдипломски студии!
5700 4400
Уникатна можност за два степени образование и две дипломи во еден пакет!
Промоција

КАДЕШТО ТЕОРИЈАТА СЕ СРЕЌАВА СО ПРАКСАТА!

Студиската програма на прв циклус на студии на БАС по Маркетинг менаџмент е со времетраење од 3 (три) години распоредени во 6 (шест) семестри. Студиската програма се вреднува со 180 ЕКТС кредити. Секоја година од студиската програма содржи 60 ЕКТС кредити.

Студиската програма е составена од 25 наставни предмети. Секој предмет од студиската програма се вреднува со одреден број на ЕКТС кредити. Студиската програма содржи задолжителни и изборни предмети. Задолжителните наставни предмети од студиската програма се од соодветната област. Изборните наставни предмети студентите ги избираат од листата на изборни наставни предмети на студиската програма или од понудените изборни модули.

Согласно член 139 став 6 од Законот за високото образование (Службен весник на Р. Македонија бр 82/18) изборните наставни предмети сочинуваат најмалку 10%, а најмногу 30% од бројот на ЕКТС кредитите во студиската програма. Во студиската програма по Маркетинг менаџмент на прв циклус на студии на БАС изборните предмети сочинуваат 27.22% од бројот на ЕКТС кредитите во студиската програма. Со други зборови, во рамки на трите години студии на Маркетинг менаџмент, студентите имаат шанса да одберат 7 предмети по своја желба.

Со завршување на секој семестар се стекнуваат вкупно 30 ЕКТС кредити, што значи дека се постигнува подеднаква оптовареност во рамките на секој семестар и секоја студиска година. Со завршувањето на секоја студиска година се стекнуваат вкупно 60 ЕКТС кредити. Со завршување на целата студиска програма се стекнуваат вкупно 180 ЕКТС кредити и стручна титула: Дипломиран маркетинг менаџер

Day
Hr
Min
Sec

Пријави се пред истекот на времето и очекувај ги натамошните инструкции на твојот емаил!

Еве, веднаш ќе се пријавам!
Не благодарам, не ми треба стипендија X