Времетраењето на додипломските студии по Менаџмент на квалитет изнесува 3 години или вкупно 6 семестри.
Со завршување на студиската програма се стекнувате со 180 ЕКТС кредити.
Називот на дипломата е: Висок стручен менаџер за квалитет, а е признаена ширум Европа и светот!
Повеќе од 100 дена пракса во реални компании и работа на реални проекти!
На копчето подолу, преземете ја целосната студиска програма по Менаџмент на квалитет.
Студиската програма по Менаџмент на квалитет, произлегува од потребата да се оспособат менаџерски кадри кои ќе бидат стручни во менаџирањето со квалитетот во производствени и услужни организации. Програмата тежнее кон развој на компетенции за примена на современите стандарди и тековни модели за менаџмент со квалитет, оспособување за користење на информациски системи и алатки за менаџирање со ризици и квалитет, поттикнување на претприемачки и иновативен дух за креирање на конкурентска предност во организациите, стекнување на компетенции за стратегиско размислување кон квалитетот и одржливиот развој преку менаџирање со тековните организациски процеси.
Програмата по Менаџмент на квалитет е прилагодена според потребите на пазарот на труд преку:
Профилот на дипломираните студенти вклучува вештини за воведување и одржување на системи за менаџирање со квалитетот, преку менаџирање со процесите и тимовите и примена на социјално одговорни и етички практики.
Програмата нуди комбинација од теоретски основи и практични примери, со цел студентите да се подготват за динамичната и барана професија – менаџер за квалитет и има за цел да изгради професионалци кои ќе придонесуваат кон развој на организациска култура насочена кон извонредност, ефикасност и задоволство на корисниците.
Со оваа програма не само што градат практични компетенции, се создава и основа за понатамошен академски или професионален напредок во областа на менаџментот на квалитет.
Називот на дипломата по завршување на студиската програма е: Висок стручен менаџер за квалитет.
Отплаќајте ја школарината по сопствена динамика. Максимум до 36 месечни рати во интерен договор со БАС. Без банки, без камати и без ограничувачки договори. Следи не постојано за тековни промоции или повици за стипендирање!
Пресметајте ја висината на месечната рата за школарина со калкулаторот подолу:
Студиската програма на прв циклус на студии на БАС по Менаџмент на квалитет е со времетраење од 3 (три) години распоредени во 6 (шест) семестри. Студиската програма се вреднува со 180 ЕКТС кредити. Секоја година од студиската програма содржи 60 ЕКТС кредити.
Студиската програма е составена од 25 наставни предмети. Секој предмет од студиската програма се вреднува со одреден број на ЕКТС кредити. Студиската програма содржи задолжителни и изборни предмети. Задолжителните наставни предмети од студиската програма се од соодветната област. Изборните наставни предмети студентите ги избираат од листата на изборни наставни предмети на студиската програма или од понудените изборни модули.
Согласно член 139 став 6 од Законот за високото образование (Службен весник на Р. Македонија бр 82/18) изборните наставни предмети сочинуваат најмалку 10%, а најмногу 30% од бројот на ЕКТС кредитите во студиската програма. Во студиската програма по Менаџмент на квалитет на прв циклус на студии на БАС изборните предмети сочинуваат 27.22% од бројот на ЕКТС кредитите во студиската програма. Со други зборови, во рамки на трите години студии на Менаџмент на квалитет, студентите имаат шанса да одберат 7 предмети по своја желба.
Со завршување на секој семестар се стекнуваат вкупно 30 ЕКТС кредити, што значи дека се постигнува подеднаква оптовареност во рамките на секој семестар и секоја студиска година. Со завршувањето на секоја студиска година се стекнуваат вкупно 60 ЕКТС кредити. Со завршување на целата студиска програма се стекнуваат вкупно 180 ЕКТС кредити и стручна титула: Висок струџен менаџер за квалитет
Пријави се пред истекот на времето и очекувај ги натамошните инструкции на твојот емаил!