Студирај модерен и професионален МЕНАЏМЕНТ НА КВАЛИТЕТ

ПРОФЕСИОНАЛНИ СТУДИИ ПО МЕНАЏМЕНТ
Пријави се уште денес!
Lorem Ipsum is simply dumy text of the printing typesetting industry lorem ipsum.

…подготвени за работа уште од првиот работен ден.

  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ

    Времетраењето на додипломските студии по Менаџмент на квалитет изнесува 3 години или вкупно 6 семестри.

  • 180 ЕКТС

    Со завршување на студиската програма се стекнувате со 180 ЕКТС кредити.

  • АКРЕДИТИРАНА ДИПЛОМА

    Називот на дипломата е: Висок стручен менаџер за квалитет, а е признаена ширум Европа и светот!

  • СТУДЕНТСКА ПРАКСА!

    Повеќе од 100 дена пракса во реални компании и работа на реални проекти!

  • СТУДИСКА ПРОГРАМА

    На копчето подолу, преземете ја целосната студиска програма по Менаџмент на квалитет.

Студиската програма по Менаџмент на квалитет, произлегува од потребата да се оспособат менаџерски кадри кои ќе бидат стручни во менаџирањето со квалитетот во производствени и услужни организации. Програмата тежнее кон развој на компетенции за примена на современите стандарди и тековни модели за менаџмент со квалитет, оспособување за користење на информациски системи и алатки за менаџирање со ризици и квалитет, поттикнување на претприемачки и иновативен дух за креирање на конкурентска предност во организациите, стекнување на компетенции за стратегиско размислување кон квалитетот и одржливиот развој преку менаџирање со тековните организациски процеси.

Програмата по Менаџмент на квалитет е прилагодена според потребите на пазарот на труд преку:

  • обезбедување компетенции за менаџирање со квалитет и иновации;
  • подготвување студенти за работа во различни сектори, вклучувајќи производствени, услужни, како и јавни институции.
  • поттикнување развој на мали и средни претпријатија преку стручна поддршка за воведување на системи за квалитет.

Профилот на дипломираните студенти вклучува вештини за воведување и одржување на системи за менаџирање со квалитетот, преку менаџирање со процесите и тимовите и примена на социјално одговорни и етички практики.

Програмата нуди комбинација од теоретски основи и практични примери, со цел студентите да се подготват за динамичната и барана професија – менаџер за квалитет и има за цел да изгради професионалци кои ќе придонесуваат кон развој на организациска култура насочена кон извонредност, ефикасност и задоволство на корисниците.

Со оваа програма не само што градат практични компетенции, се создава и основа за понатамошен академски или професионален напредок во областа на менаџментот на квалитет.

Називот на дипломата по завршување на студиската програма е: Висок стручен менаџер за квалитет.

СТРУКТУРА НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

ПРВА ГОДИНА

ПРВ СЕМЕСТАР
ВТОР СЕМЕСТАР
  • Вовед во бизнис
  • Основи на менаџмент
  • Личен менаџмент
  • Бизнис етика
  • Менаџмент информациони системи
  • Практична настава
  • Менаџмент со ризици
  • Грижа и однесување со корисници
  • Организациско комуницирање
  • Изборен предмет 1
  • Практична настава

ВТОРА ГОДИНА

ТРЕТ СЕМЕСТАР
ЧЕТВРТ СЕМЕСТАР
  • Основи на оперативен менаџмент
  • Менаџмент на човечки ресурси
  • Математика за бизнис
  • Изборен предмет 2
  • Практична настава
  • Менаџмент на квалитет
  • Основи на стратегиски менаџмент
  • Менаџерска економија
  • Изборен предмет 3
  • Практична настава

ТРЕТА ГОДИНА

ПЕТТИ СЕМЕСТАР
ШЕСТИ СЕМЕСТАР
  • Контрола на квалитет
  • Менаџирање со верига на набавки
  • Организациски промени
  • Изборен предмет 4
  • Практична настава
  • Практикум по менаџмент на квалитет
  • Изборен предмет 5
  • Изборен предмет 6
  • Изборен предмет 7
  • Практична настава

ЛИСТА НА ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ

  • Маркетинг
  • Претприемаштво
  • Деловно планирање
  • Дигитални бизнис модели
  • Основи на проектен менаџмент
  • Продажбен менаџмент
  • Основи на циркуларна економија
  • Стандарди за квалитет и сертификација
  • Квалитет во канцелариското работење
  • Основи на организациско однесување
  • Менаџмент на здравје и безбедност при работа
  • Иновации и интрапретприемаштво
  • Бренд менаџмент
  • Англиски јазик
  • Деловно преговарање
  • Бизнис аналитика
  • Применета ергономија
  • Корпоративна социјална одговорност
  • Односи со јавност

ФЛЕКСИБИЛНА ШКОЛАРИНА

Отплаќајте ја школарината по сопствена динамика. Максимум до 36 месечни рати во интерен договор со БАС. Без банки, без камати и без ограничувачки договори. Следи не постојано за тековни промоции или повици за стипендирање!

Пресметајте ја висината на месечната рата за школарина со калкулаторот подолу:

РЕГУЛАР

целосна школарина без скриени трошоци
4200
За уплата на школарината во целост, БАС одобрува 10% попуст.

ПАКЕТ 3+1

пакет додипломски и постдипломски студии!
5700 4400
Уникатна можност за два степени образование и две дипломи во еден пакет!
Промоција

КАДЕШТО ТЕОРИЈАТА СЕ СРЕЌАВА СО ПРАКСАТА!

Студиската програма на прв циклус на студии на БАС по Менаџмент на квалитет е со времетраење од 3 (три) години распоредени во 6 (шест) семестри. Студиската програма се вреднува со 180 ЕКТС кредити. Секоја година од студиската програма содржи 60 ЕКТС кредити.

Студиската програма е составена од 25 наставни предмети. Секој предмет од студиската програма се вреднува со одреден број на ЕКТС кредити. Студиската програма содржи задолжителни и изборни предмети. Задолжителните наставни предмети од студиската програма се од соодветната област. Изборните наставни предмети студентите ги избираат од листата на изборни наставни предмети на студиската програма или од понудените изборни модули.

Согласно член 139 став 6 од Законот за високото образование (Службен весник на Р. Македонија бр 82/18) изборните наставни предмети сочинуваат најмалку 10%, а најмногу 30% од бројот на ЕКТС кредитите во студиската програма. Во студиската програма по Менаџмент на квалитет на прв циклус на студии на БАС изборните предмети сочинуваат 27.22% од бројот на ЕКТС кредитите во студиската програма. Со други зборови, во рамки на трите години студии на Менаџмент на квалитет, студентите имаат шанса да одберат 7 предмети по своја желба.

Со завршување на секој семестар се стекнуваат вкупно 30 ЕКТС кредити, што значи дека се постигнува подеднаква оптовареност во рамките на секој семестар и секоја студиска година. Со завршувањето на секоја студиска година се стекнуваат вкупно 60 ЕКТС кредити. Со завршување на целата студиска програма се стекнуваат вкупно 180 ЕКТС кредити и стручна титула: Висок струџен менаџер за квалитет

Day
Hr
Min
Sec

Пријави се пред истекот на времето и очекувај ги натамошните инструкции на твојот емаил!

Еве, веднаш ќе се пријавам!
Не благодарам, не ми треба стипендија X