Времетраењето на додипломските студии по Маркетинг менаџмент изнесува 3 години или вкупно 6 семестри.
Со завршување на студиската програма се стекнувате со 180 ЕКТС кредити.
Називот на дипломата е: Дипломиран маркетинг менаџер, а е признаена ширум Европа и светот!
Повеќе од 100 дена пракса во реални компании и работа на реални проекти!
На копчето подолу, преземете ја целосната студиска програма по Маркетинг Менаџмент.
Имајќи во предвид дека Маркетингот особено Дигиталниот маркетинг постепено станува составен дел на секоја компанија овозможувајќи максимизирање на профитот преку целосно задоволување на потрошувачите ја наметнува потребата за целосно истражување на пазарот, особено потребите на потрошувачите кои постепено се оддалечуваат од стандардните производи и бараат микросегментирање и приспособување на понудата на индивидуалните и уникатни барања.
Отплаќајте ја школарината по сопствена динамика. Максимум до 36 месечни рати во интерен договор со БАС. Без банки, без камати и без ограничувачки договори. Следи не постојано за тековни промоции или повици за стипендирање!
Пресметајте ја висината на месечната рата за школарина со калкулаторот подолу:
Студиската програма на прв циклус на студии на БАС по Маркетинг менаџмент е со времетраење од 3 (три) години распоредени во 6 (шест) семестри. Студиската програма се вреднува со 180 ЕКТС кредити. Секоја година од студиската програма содржи 60 ЕКТС кредити.
Студиската програма е составена од 25 наставни предмети. Секој предмет од студиската програма се вреднува со одреден број на ЕКТС кредити. Студиската програма содржи задолжителни и изборни предмети. Задолжителните наставни предмети од студиската програма се од соодветната област. Изборните наставни предмети студентите ги избираат од листата на изборни наставни предмети на студиската програма или од понудените изборни модули.
Согласно член 139 став 6 од Законот за високото образование (Службен весник на Р. Македонија бр 82/18) изборните наставни предмети сочинуваат најмалку 10%, а најмногу 30% од бројот на ЕКТС кредитите во студиската програма. Во студиската програма по Маркетинг менаџмент на прв циклус на студии на БАС изборните предмети сочинуваат 27.22% од бројот на ЕКТС кредитите во студиската програма. Со други зборови, во рамки на трите години студии на Маркетинг менаџмент, студентите имаат шанса да одберат 7 предмети по своја желба.
Со завршување на секој семестар се стекнуваат вкупно 30 ЕКТС кредити, што значи дека се постигнува подеднаква оптовареност во рамките на секој семестар и секоја студиска година. Со завршувањето на секоја студиска година се стекнуваат вкупно 60 ЕКТС кредити. Со завршување на целата студиска програма се стекнуваат вкупно 180 ЕКТС кредити и стручна титула: Дипломиран маркетинг менаџер