ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ

Студирај професионален, современ и практичен

СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

...ready for work from the first day.

  • DURATION

    Времетраењето на постдипломските студии по СМОР е 1 година и два семестри.

  • 60 ЕКТС

    Со завршување на студиската програма се стекнувате со 60 ЕКТС кредити.

  • ACCREDITED DIPLOMA

    Називот на дипломата е: Специјалист стручен по стратегиски менаџмент за одржлив развој, а е признаена ширум Европа и светот!

  • STUDY PROGRAM

    На копчето подолу, преземете ја целосната студиска програма по Стратегиски Менаџмент за одржлив развој.

Постдипломските, специјалистички студии (1 година) по Стратегиски менаџмент за одржлив развој се наменети за сите оние кои се гледаат себеси на врвна менаџерска позиција или пак се сопственици/идни сопственици на бизнис, а кои имаат визија за интегрирање на одржливи практики во организациите и заедниците и кои се подготвени да преземат лидерска улога во креирањето на поодговорна и поодржлива иднина.

Студиската програма на втор циклус на студии по Стратегиски менаџмент за одржлив развој профилира професионални менаџери кои поседуваат длабоко разбирање за комплексната природа на одржливиот развојСтудентите кои ја завршуваат оваа програма се оспособени да:

  • размислуваат стратешки и да креираат долгорочни визии кои се усогласени со принципите на одржливост;
  • формулираат на динамични стратегии за усогласување на организациските ресурси со промените во екстерното окружување, кои ќе обезбедат одржлив развој на долг рок;
  • развиваат сеопфатни решенија за бизнис проблемите поврзани со одржливиот развој со синтеза и евалуација на информации и користење на квалитативно и квантитативно аналитичко расудување;
  • донесуваат ефективни менаџерски одлуки кои покажуваат високи етички стандарди и општествена одговорност како во глобално окружување, така и во окружување на културни разноликости;
  • ја користат ефективно технологијата во организацијата со цел да се постигне супериорна изведба, стратегиска ефективност и оперативна ефикасност, што ќе овозможат конкурентност и одржливост на организацијата на долг рок;
  • применуваат докажани менаџерски теории и практики за решавање на широк спектар организациски прашања во насока на одржлив организациски развој;
  • размислуваат стратегиски за одржливост, во насока на современите предизвици кои се резултат на промените во опкружувањето, посебно на оние кои се однесуваат на дигитализацијата и зелената транзиција.

Со завршување на студиската програма по Стратегиски менаџмент за одржлив развој студентите ќе стекнат компетенции што ќе им овозможат во организациите во кои ќе работат да можат успешно да придонесат во долгорочниот и одржлив развој на организацијата, а секако и да придонесат за успешна имплементација на формулираните стратегиски планови, преку успешно менаџирање со човечките ресурси, правилна алокација на финансиите и менаџирање со промените и иновациите.

Кадарот што произлегува од оваа програма е подготвен не само да се вклучи во постојните структури, туку и да иницира промениПреку научно заснован и етички ориентиран пристап, дипломираните студенти се подготвени да бидат двигатели за одржлив развој на национално и меѓународно ниво.

Наставата се одвива во мали групи, а распоредот е таков се слуша и полага предмет по предмет. Секој предмет има 3 клучни активности и тоа: 4 предавања по предмет, изработка и презентација на проектен извештај и полагање испит. Наставата се одвива попладне и не е само класично теоретско предавање од професорот, туку во секој ден се опфатени и студии на случај, тимска работа и дебати на темата, така што наставата е максимално интерактивна и се базира на размена на искуства.

The title of the diploma after successful completion of studies is Специјалист стручен по стратегиски менаџмент за одржлив развој.

STRUCTURE OF THE STUDY PROGRAM

СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРУД

Насоки за изработка на специјалистичкио труд

Изработката на специјалистичкиот труд е поделен на три дела и тоа:

  • Дизајн на трудот (4ЕКТС) – Темата заедно со изборот на ментор се пријавува во втор семестар
  • Изработка на трудот (8ЕКТС) / Истражување и комплетирање на трудот 
  • Одбрана на трудот (6ЕКТС) / Одбрана на специјалистичкиот труд

Проф. д-р Цветко Смилевски

Ко-основач на БАС

Кадарот што произлегува од програмата Стратегиски менаџмент за одржлив развој, е подготвен не само да се вклучи во постојните структури, туку и да иницира промениПреку научно заснован и етички ориентиран пристап, дипломираните студенти се подготвени да бидат двигатели за одржлив развој на национално и меѓународно ниво.

FLEXIBLE TUITION

Pay your tuition at your own pace. Maximum of 36 monthly installments in an internal agreement with BAS. No banks, no interest and no restrictive agreements. Follow us constantly for current promotions or scholarship calls!

Calculate the amount of the monthly tuition installment with the calculator below:

ФЛЕКСИ ПДС

школарина на 12 рати
125
Целосниот износ за студирање изнесува 1500€ за целосната студиска програма. Во овој износ не се вкалкулирани различните попусти по основ на трансфер, тековни промоции или стипендии.

REGULAR

целосна школарина
1500
За уплата на целата школарина во целост, БАС одобрува до 10% попуст.

WHERE THEORY MEETS PRACTICE!

Студиската програма содржи 60 ЕКТС кредити.Еден кредит соодветствува со 27 часа работа, што значи вкупна оптовареноста на студентот изнесува 1620 часа за една година. Бројот на кредити за предметната програма се утврдува врз основа на предавања, завршни испити, консултации, реализирани вежби, изработка на проектен извештај, теренска работа, самостојна работа и др.
До крајот на првиот семестар студентите треба да се определат за изборни предмети од листата на изборни предмети и наслов и ментор за специјалистички труд.

Во листата на изборни наставни предмети на наставната програма која се изведува на БАС, може да бидат вклучени и наставни предмети од други акредитирани студиски програми на втор циклус на студии на БАС за кои одлучува Наставничкиот совет на БАС.
Наставничкиот совет на БАС одлучува кои наставни предмети ќе ги понуди за избор на студентите. Од понудените изборни наставни предмети, студентите ќе може да го направат својот избор.

Day
Hr
Min
Sec

Sign up before the deadline and wait for further instructions in your email!

Here, I'll sign up right away!
No thanks, I don't need a scholarship X