БАС со поддршка за звуците на староградската музика! 

Традиционално БАС и оваа година се јавува како поддржувач на Фестивалот на староградска музика кој секоја година ја развеселува Битолската чаршија. Кај и да сте, на 07.08 и 08.08. во Битола да сте!Дојдете заедно да ги слушаме звуците на безвременските староградски мелодии! И секако не заборавајте, уписите на БАС се уште траат, а за повеќе информации можете да го побарате нашиот штанд за време на настанот!Се гледаме!

НАСТАВНА РАБОТИЛНИЦА

Кога наставниците учат, студентите добиваат повеќе. Преку вакви активности продолжуваме да ги унапредуваме наставните процеси, во согласност со современите принципи на Outcome-Based Education (OBE) и ESG стандардите за обезбедување квалитет. Заедно создаваме квалитетно, транспарентно и студентски ориентирано образование.

Една вечер. Безброј спомени

Со многу емоции, насмевки и незаборавни моменти, нашите апсолвенти го заокружија едно од најубавите поглавја во нивниот живот и зачекорија кон нови предизвици и можности. Вечер исполнета со радост, дружење и моменти што ќе останат засекогаш врежани во сеќавањата. Честитки до сите апсолвенти! Ви посакуваме храбро да чекорите кон иднината, да ги следите своите соништа и да продолжите да ги остварувате своите цели со истата посветеност и истрајност. Горди сме на сè што постигнавте и веруваме дека најубавите успеси допрва ве очекуваат. Вашето време допрва доаѓа.

Мрежата на партнерски организации на БАС продолжува да расте!

Со задоволство го поздравуваме наш нов партнер – Сметководствено биро ,,Сим Холдинг,, од Битола. Нови партнерства значат и нови можности за нашите студенти – повеќе практично искуство, нови знаења и чекор поблиску до успешна кариера.

Работен состанок со нашите колеги од Veleučilište Lavoslav Ružička Vukovar

И вториот ден од нивната посета помина во пријатна средба и размена на искуства, како и разгледување на можности за понатамошна соработка и заеднички иницијативи. На состанокот присуствуваат и еден од оснивачите, проф. д-р Цветко Смилевски и директоркага на БАС, проф. д-р Гордана Тасевска.

Заедно кон нови можности: Посета на партнерите од Veleučilište Lavoslav Ružička Vukovar, Р. Хрватска

Во посета на БАС денес во рамките на Еразмус + програмата беа нашите колеги од Veleučilište Lavoslav Ružička Vukovar. Преку пријатна средба и размена на искуства, разговаравме за понатамошната соработка и заеднички иницијативи.

9та меѓународна научна конференција БАС 2026

Деветтата меѓународна научна конференција „Академски и консултантски предизвици за обезбедување организациска виталност“ успешно ги обедини академската заедница, истражувачите и професионалците во заедничка дискусија посветена на актуелните предизвици и можности за развој на современите организации. Мисијата на конференцијата е размена на нови идеи и пристапи кон менаџерските предизвици поврзани со обезбедување организациска виталност во динамична средина, преку презентирање на резултати од современи научни истражувања во организациските науки, менаџментот, економијата, информатичките науки и образованието, размена на искуства и конструктивен дијалог. Конференцијата придонесе кон продлабочување на научните сознанија и јакнење на соработката помеѓу академијата и практиката.

Генерација 2025/26

  Години труд, знаење и незаборавни спомени собрани на едно место. Денес гордо го претставуваме Таблото на апсолвентите. Секоја фотографија раскажува приказна за посветеност, раст и остварени цели, а секое име е дел од наследството на БАС. Честитки и среќно во новите предизвици! 

Бизнис академијата Смилевски – БАС Битола ја организира 9та меѓународна научна конференција „Современите менаџерски предизвици и организациските науки (Bitola news)

Бизнис академијата Смилевски – БАС Битола, на 5 јуни 2026 година ќе биде домаќин на Деветтата меѓународна научна конференција „Современите менаџерски предизвици и организациските науки“, која годинава ќе се одржи со предметен фокус: „Академски и консултантски предизвици за обезбедување организациска виталност“. Конференцијата се организира од БАС Институтот за менаџмент – Битола и Бизнис академијата Смилевски – БАС Битола, во соорганизација со Високата техничка школа за стручни студии од Зрењанин, Република Србија и Универзитетот за применети науки „Лавослав Ружичка“ од Вуковар, Република Хрватска. Настанот ќе се реализира во просториите на БАС во Битола, на ул. „Херцег Нови“ бр. 6, и ќе обедини претставници од академската, научната, консултантската и деловната заедница. Во фокусот на конференцијата ќе бидат современите предизвици поврзани со организациската виталност, системското размислување, стратегискиот менаџмент, лидерството, професионалната и менаџерската сукцесија, дигитализацијата, вештачката интелигенција и организацискиот имун систем. Преку тематски форумски секции ќе се дискутира за начините на кои организациите можат да ја задржат својата стабилност, адаптибилност и развојна способност во услови на динамични промени. Конференцијата има за цел да поттикне научна и стручна дебата, размена на искуства и воспоставување нови форми на соработка меѓу академската заедница, консултантите, институциите и деловниот сектор. Повеќе информации се достапни на официјалната веб-страница: www.bas-konferencija.mk

Day
Hr
Min
Sec

Sign up before the deadline and wait for further instructions in your email!

Here, I'll sign up right away!
No thanks, I don't need a scholarship X