Првиот академски час на двете локации на Бизнис академија Смилевски – Битола и Скопје, помина во прекрасна атмосфера, исполнета со насмевки, позитивна енергија и возбудување за предизвиците што ги носи новата академска година.
Заедно со нашите студенти, го означивме почетокот на едно ново поглавје исполнето со знаење, можности, личен развој и нови искуства. ![]()
![]()
![]()
На сите студенти им посакуваме успешна академска година, многу научени лекции, остварени цели и незаборавни моменти!
Добредојдовте во БАС – местото каде што знаењето отвора нови можности!












