Учество на БАС на работилница за новините и идните насоки на програмата Еразмус+ во Струга

Во периодот од 10 до 12 ноември 2026 година, Виш пред. д-р Иван Ѓорѓиевски, координатор за Еразмус+ програмите при БАС, учествуваше на работилница во Струга посветена на актуелностите и идните насоки на програмата Еразмус+. На работилницата се запозна со претстојните измени во програмата, новините поврзани со European Student Card (ESC), како и со практичните искуства, предизвици и добри практики споделени од координаторите од другите високообразовни институции. Размената на знаења и искуства претставува значаен придонес кон унапредување на интернационалната соработка и квалитетот на Еразмус+ активностите на БАС. #BAS #ErasmusPlus #EuropeanStudentCard #InternationalCooperation #HigherEducation See less — in Struga, Macedonia.

Добрата практична настава започнува со подготвен и посветен ментор!

На обуката за ментори на Бизнис академија Смилевски – БАС, разменивме искуства и работевме на конкретни задачи за водење, поддршка и оценување на студентите во работна средина. Во фокусот беше прашањето: Како работните задачи да станат можности за учење, а стекнатото знаење – применлива вештина? Благодарност до менторите и партнерските организации за учеството, отворената дискусија и вложувањето во развојот на нашите студенти. Заедно градиме посилна врска меѓу образованието и практиката!

Во Битола и Скопје – Првиот академски час за студентите на вториот циклус студии на БАС

Секое големо патување започнува со една одлука – да продолжиш да учиш, да се развиваш и да веруваш во своите можности. Во Битола и Скопје го одржавме Првиот академски час за студентите на вториот циклус студии на БАС со што официјално го означивме почетокот на новото академско поглавје. Пред нашите постдипломци се отвораат нови можности за стекнување знаења, професионално усовршување, размена на идеи и остварување на личните и кариерните амбиции. Нека овој почеток биде поттик за храбри чекори, нови достигнувања и многу успешни приказни. Ви посакуваме истрајност, инспирација и успеси на секој чекор од ова академско патување! Добредојдовте во новото поглавје. Нека биде исполнето со знаење, можности и успеси!

Почитувани постдипломци, вашето ново академско поглавје започнува!

Секој нов почеток носи нови можности, нови предизвици и чекори поблиску до целите за кои вреди да се вложува. Пред вас е патување исполнето со знаење, личен раст и нови професионални хоризонти. Со особено задоволство ве очекуваме на Првиот академски час на БАС каде заедно ќе го започнеме ова ново поглавје од академската 2026/2027 година. 2 ноември 2026 година, 17:00 часот. Битола и Скопје Добредојдовте! Продолжете да верувате во своите амбиции, да вложувате во себе и да ги претворате своите цели во успеси.

Успешни приказни кои инспирираат: „Промедика“ е наш нов партнер!

Со гордост ја најавуваме соработката со уште една партнерска организација. Промедика — компанија која веќе три децении е синоним за доверба, професионалност и врвна поддршка на здравствениот сектор во нашата земја.​Основана во 1996 година, Промедика преку своите четири клучни области — фармација, медицина, обезбедување квалитет и стоматологија со забна техника — обезбедува врвна опрема, производи и стручна експертиза за сите здравствени институции и професионалци.​Нивната филозофија дека соработката не завршува со испораката, туку продолжува низ целосната логистичка, едукативна и техничка поддршка.А особено сме горди што наши студенти се дел од успешни приказни.Браво Марин!

Меѓународно признание за професорката на БАС, д-р Сузана Пецаковска – добитничка на стипендијата Western Balkans–Visegrad Fellowship

Со особено задоволство ја споделуваме можноста што ја доби нашата професорка д-р Сузана Пецаковска која е добитник на стипендијата Western Balkans–Visegrad Fellowship поддржана од Фондот за Западен Балкан и Меѓународниот Вишеградски фонд. Во текот на двонеделниот студиски и истражувачки престој, таа ќе престојува на Универзитетот Корвинус во Будимпешта, каде што ќе соработува со Центарот за меѓународни студии во високото образование и Институтот за стратегија и менаџмент. Престојот претставува можност за размена на знаења и искуства со унгарски академски колеги, проширување на професионалната мрежа и понатамошен развој на истражувањето во областа на интернационализацијата на високото образование во Западен Балкан. БАС ја поддржува меѓународната академска соработка и професионалниот развој на својот кадар, препознавајќи ја нивната важност за унапредување на квалитетот во високото образование и создавање нови можности за институционално поврзување. Честитки за ова значајно признание и успешен престој на Универзитетот Корвинус во Будимпешта!

Успешен почеток на новото академско поглавје!

Првиот академски час на двете локации на Бизнис академија Смилевски – Битола и Скопје, помина во прекрасна атмосфера, исполнета со насмевки, позитивна енергија и возбудување за предизвиците што ги носи новата академска година. Заедно со нашите студенти, го означивме почетокот на едно ново поглавје исполнето со знаење, можности, личен развој и нови искуства. На сите студенти им посакуваме успешна академска година, многу научени лекции, остварени цели и незаборавни моменти! Добредојдовте во БАС – местото каде што знаењето отвора нови можности!

Првиот час на БАС има закажано време и место

Првиот час има закажано време и место. Следните чекори ги пишувате вие. Четврток, 1 октомври Битола — 17:00 | редовни и вонредни студенти Скопје — 13:00 | редовни студенти Скопје — 17:00 | вонредни студенти Ви посакуваме љубопитност што не стивнува, пријателства што остануваат и знаење што ќе ви ги отвори вратите на животот. Добредојдовте во БАС!

Нова средба, нови можности!

KARIERA.mk потпиша Меморандум за соработка со Бизнис Академија Смилевски, со заедничка цел поврзување на образованието со реалните потреби на пазарот на трудот. Преку ова партнерство ќе создаваме повеќе можности за учење, развој, практични знаења и поврзување на младите со компании и работодавачи. Ова е само почеток пред нас се бројни заеднички активности и можности за младите да го направат својот следен кариерен чекор.

Трет уписен рок

Последна шанса за третиот уписен рок! Местата се при крај! Избери меѓу Бизнис менаџмент, Маркетинг менаџмент и Менаџмент на квалитет и започни го своето образование во средина што го поврзува знаењето со практиката. БАС – твојот следен чекор започнува сега. #БАС#Упис2026#ТретУписенРок#БизнисМенаџмент#МаркетингМенаџмент МенаџментНаКвалитет

Day
Hr
Min
Sec

Sign up before the deadline and wait for further instructions in your email!

Here, I'll sign up right away!
No thanks, I don't need a scholarship X