Промоција на четири научни дела на проф. д-р Имер Зенку – долгогодишен соработник на БАС и БАСИМ

Во Центарот за култура во Кичево се одржа промоција на четири научни дела од проф. д-р Имер Зенку. Настанот обедини претставници од академскиот, културниот и општествениот живот, како и бројни соработници, пријатели и членови на семејството на авторот.

Директорот на БАС , проф. д-р Гордана Тасевска говореше како рецензент на книгата „Менаџмент на енергетски предизвици“. Во своето обраќање ги истакна научната и стручната вредност на делото, неговото значење за современите енергетски предизвици, менаџментот, економијата и развојот.

На промоцијата присуствуваа основачот на БАС, проф. д-р Цветко Смилевски и уредниците на книгата „Менаџмент на енергетски предизвици“ проф. д-р Лидија Стефановска и проф. д-р Тони Соклевски.

🎬 Настанот беше збогатен со проекција на документарен филм посветен на животот и делото на авторот.

На проф. д-р Имер Зенку му упатуваме искрени честитки за овој значаен научен придонес и му посакуваме уште многу професионални успеси!

Day
Hr
Min
Sec

Sign up before the deadline and wait for further instructions in your email!

Here, I'll sign up right away!
No thanks, I don't need a scholarship X