Среќен роденден Професоре!

Тимот на БАС ви посакува многу здравје, моменти исполнети со радост и уште многу генерации кои ќе ги инспирирате и насочувате кон вистински вредности. Вашата страст и посветеност во работата се поттик и силна мотивација за сите околу вас. Ви посакуваме денови исполнети со среќа, нови достигнувања, спокој и мир во душата.

Зошто студентите го бираат БАС ?

Линк до видеото https://www.facebook.com/share/r/1Wtng7igfJ/ Да слушнеме зошто Сашка, Ивана и Елена го избраа БАС. Дојдете и вие на БАС — ве очекуваме! Ајде заедно да се запознаеме, да се дружиме и да видите зошто БАС е вистинскиот избор

БАС караван за посета на средните училишта низ Македонија

Караванот за посета на средните училишта низ Македонија го заокруживме со ОСУ „Јовче Тесличков“ и СОУ гимназија „Кочо Рацин“ во Велес. Огромна благодарност до домаќините за топлото гостопримство! Средбите поминаа во одлична, интерактивна атмосфера, исполнета со корисни прашања и разговори. Пред матурантите стои една од најважните животни одлуки. Нашата институција секогаш е тука да помогне со совет и да одговори на сите прашања. Матуранти, ве очекуваме!

Склучен меморандум за соработка помеѓу Бизнис академија Смилевски и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Битола

Со потпишување на Меморандум за соработка, БАС и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола започнаа проект што носи вистинска вредност. Во рамки на проектот „Креативноста на младите во улога на хуманизмот“, реализиравме донација во ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација – Битола, играчки, книги и едукативни материјали за најмалите. Ова не беше само акција, туку лекција по хуманост, емпатија и заедништво. Мали гестови. Големо значење.

Одбројувањето до доделувањето на дипломите започна!

Генерацијата што оваа година ја затвора својата академска приказна полека заокружува едно важно поглавје. Зад нив стојат години труд, раст и посветеност — пред нив се нови патишта, предизвици и можности што чекаат да бидат освоени. Ова е моментот кога соништата стануваат планови, а плановите — реалност.

Честит Бајрам!

Ви посакуваме мир, здравје, среќа и благосостојба во домот. Нека празникот донесе радост, љубов и спокој кај вас и вашите најблиски.

БАС караван за посета на средните училишта низ Македонија

Со посетата на СУГС гимназија „Никола Карев“ го заокружуваме караванот на посети низ средните училишта во Скопје. Пред матурантите стои една од најважните одлуки во животот – изборот на нивниот понатамошен образовен и професионален пат. Токму затоа, ваквите презентации се можност младите директно да се информираат, да поставуваат прашања и да добијат поддршка во процесот на донесување одлуки. Наша цел е да ги охрабриме да веруваат во себе, да ги следат своите интереси и амбиции, и да направат избор кој ќе им донесе личен и професионален развој. Образованието е клучот кон успехот, а секоја правилна одлука денес значи посигурна иднина утре. Среќно матуранти!

БАС караван за посета на средните училишта низ Македонија

Караванот во Битола го заокруживме со финалните презентации во РЦСОО „Ѓорги Наумов“ и ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ Пред матурантите ги претставивме нашите студиски програми, практичната настава и можностите за кариерен развој, со цел да им помогнеме полесно и посигурно да го направат својот следен чекор. БАС е избор за оние што сакаат повеќе од диплома – вистински вештини, реално искуство и сигурен старт на кариерата .

Зошто студентите го одбираат БАС ?

Линк до видеото https://www.facebook.com/share/r/1CXw4virD2/ Да слушнеме зошто Мина, Нела и Ива го избраа БАС. Дојдете и вие — ве очекуваме! Ајде заедно да се запознаеме, да се дружиме и да видите зошто БАС е вистинскиот избор.

Day
Hr
Min
Sec

Sign up before the deadline and wait for further instructions in your email!

Here, I'll sign up right away!
No thanks, I don't need a scholarship X