Работен состанок со нашите колеги од Veleučilište Lavoslav Ružička Vukovar

И вториот ден од нивната посета помина во пријатна средба и размена на искуства, како и разгледување на можности за понатамошна соработка и заеднички иницијативи. На состанокот присуствуваат и еден од оснивачите, проф. д-р Цветко Смилевски и директоркага на БАС, проф. д-р Гордана Тасевска.
Заедно кон нови можности: Посета на партнерите од Veleučilište Lavoslav Ružička Vukovar, Р. Хрватска

Во посета на БАС денес во рамките на Еразмус + програмата беа нашите колеги од Veleučilište Lavoslav Ružička Vukovar. Преку пријатна средба и размена на искуства, разговаравме за понатамошната соработка и заеднички иницијативи.
9та меѓународна научна конференција БАС 2026

Деветтата меѓународна научна конференција „Академски и консултантски предизвици за обезбедување организациска виталност“ успешно ги обедини академската заедница, истражувачите и професионалците во заедничка дискусија посветена на актуелните предизвици и можности за развој на современите организации. Мисијата на конференцијата е размена на нови идеи и пристапи кон менаџерските предизвици поврзани со обезбедување организациска виталност во динамична средина, преку презентирање на резултати од современи научни истражувања во организациските науки, менаџментот, економијата, информатичките науки и образованието, размена на искуства и конструктивен дијалог. Конференцијата придонесе кон продлабочување на научните сознанија и јакнење на соработката помеѓу академијата и практиката.
Генерација 2025/26

Години труд, знаење и незаборавни спомени собрани на едно место. Денес гордо го претставуваме Таблото на апсолвентите. Секоја фотографија раскажува приказна за посветеност, раст и остварени цели, а секое име е дел од наследството на БАС. Честитки и среќно во новите предизвици!
Бизнис академијата Смилевски – БАС Битола ја организира 9та меѓународна научна конференција „Современите менаџерски предизвици и организациските науки (Bitola news)

Бизнис академијата Смилевски – БАС Битола, на 5 јуни 2026 година ќе биде домаќин на Деветтата меѓународна научна конференција „Современите менаџерски предизвици и организациските науки“, која годинава ќе се одржи со предметен фокус: „Академски и консултантски предизвици за обезбедување организациска виталност“. Конференцијата се организира од БАС Институтот за менаџмент – Битола и Бизнис академијата Смилевски – БАС Битола, во соорганизација со Високата техничка школа за стручни студии од Зрењанин, Република Србија и Универзитетот за применети науки „Лавослав Ружичка“ од Вуковар, Република Хрватска. Настанот ќе се реализира во просториите на БАС во Битола, на ул. „Херцег Нови“ бр. 6, и ќе обедини претставници од академската, научната, консултантската и деловната заедница. Во фокусот на конференцијата ќе бидат современите предизвици поврзани со организациската виталност, системското размислување, стратегискиот менаџмент, лидерството, професионалната и менаџерската сукцесија, дигитализацијата, вештачката интелигенција и организацискиот имун систем. Преку тематски форумски секции ќе се дискутира за начините на кои организациите можат да ја задржат својата стабилност, адаптибилност и развојна способност во услови на динамични промени. Конференцијата има за цел да поттикне научна и стручна дебата, размена на искуства и воспоставување нови форми на соработка меѓу академската заедница, консултантите, институциите и деловниот сектор. Повеќе информации се достапни на официјалната веб-страница: www.bas-konferencija.mk
ДЕВЕТТА МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Бидете дел од академска и професионална размена на идеи, истражувања и современи пристапи во организациските науки. www.bas-konferencija.mk #BAS2026#Conference#OrganizationalVitality#Science#Bitola
Нова можност за практична едукација: БАС и „ЕДИНА ОНЕ“ потпишаа спогодба

Мрежата на партнерски организации на БАС продолжува да се шири! Со особено задоволство ве известуваме дека Бизнис академија Смилевски – БАС потпиша нова спогодба за реализација на теренска студентска пракса со „Друштво за трговија, производство и услуги ЕДИНА ОНЕ увоз-извоз ДООЕЛ – Битола“. Преку оваа соработка, на студентите ќе им се овозможи стекнување практични знаења, професионални искуства и директно запознавање со реалните работни процеси, со што дополнително се зајакнува врската помеѓу образованието и бизнис секторот. БАС продолжува посветено да создава нови можности за професионален развој и практична едукација на своите студенти. .
Една капка денес, нечиј живот утре! Крводарителска акција на БАС

Денес во БАС повторно покажавме дека хуманоста нема цена. Со голема посветеност и чувство на општествена одговорност, нашите студенти и вработени се вклучија во крводарителската акција и уште еднаш потврдија дека мал гест може да значи нечиј живот. Горди сме што градиме млади луѓе кои покрај знаење, носат и човечност, солидарност и свест за заедницата. Дарувај крв – спаси живот.
Бизнис Кафе Македонија

Утре (27.05.) во Среќа Бар – Аеродром @srekja.bar.food ќе се одржи 47. издание на „Бизнис Кафе Македонија“ – настан што инспирира, поврзува и отвора нови бизнис приказни. Бизнис Академија Смилевски – БАС со гордост го поддржува овој настан уште од самите почетоци, верувајќи во моќта на вмрежувањето, претприемништвото и споделувањето искуства. Ве очекува инспиративна вечер со успешни приказни, мотивација и нови познанства!
Инспиративна средба на студентите од БАС со проф. д-р Ersin Irk во рамки на Erasmus+

Студентите од Бизнис Академија Смилевски – БАС имаа чест и задоволство да се запознаат и да разменат искуства со вонр. проф. д-р Ersin Irk, раководител на програмата по логистика при Катедрата за менаџмент и организација на Tokat Gaziosmanpaşa University – Стручното училиште во Зиле, Tokat, Turkey, во рамки на посетата преку Erasmus+ Programme. Средбата помина во одлична атмосфера исполнета со инспиративни разговори, размена на знаења и нови перспективи за меѓународна академска соработка. Ваквите активности претставуваат значајна можност за студентите да стекнат нови искуства, интеркултурни познанства и поширок поглед кон современите бизнис и логистички практики.