Мрежата на партнерски организации на БАС продолжува да расте!

Со задоволство го поздравуваме наш нов партнер – Сметководствено биро ,,Сим Холдинг,, од Битола. Нови партнерства значат и нови можности за нашите студенти – повеќе практично искуство, нови знаења и чекор поблиску до успешна кариера.

Работен состанок со нашите колеги од Veleučilište Lavoslav Ružička Vukovar

И вториот ден од нивната посета помина во пријатна средба и размена на искуства, како и разгледување на можности за понатамошна соработка и заеднички иницијативи. На состанокот присуствуваат и еден од оснивачите, проф. д-р Цветко Смилевски и директоркага на БАС, проф. д-р Гордана Тасевска.

Нова можност за практична едукација: БАС и „ЕДИНА ОНЕ“ потпишаа спогодба

Мрежата на партнерски организации на БАС продолжува да се шири! Со особено задоволство ве известуваме дека Бизнис академија Смилевски – БАС потпиша нова спогодба за реализација на теренска студентска пракса со „Друштво за трговија, производство и услуги ЕДИНА ОНЕ увоз-извоз ДООЕЛ – Битола“. Преку оваа соработка, на студентите ќе им се овозможи стекнување практични знаења, професионални искуства и директно запознавање со реалните работни процеси, со што дополнително се зајакнува врската помеѓу образованието и бизнис секторот. БАС продолжува посветено да создава нови можности за професионален развој и практична едукација на своите студенти. .

Бизнис Кафе Македонија

Утре (27.05.) во Среќа Бар – Аеродром @srekja.bar.food ќе се одржи 47. издание на „Бизнис Кафе Македонија“ – настан што инспирира, поврзува и отвора нови бизнис приказни. Бизнис Академија Смилевски – БАС со гордост го поддржува овој настан уште од самите почетоци, верувајќи во моќта на вмрежувањето, претприемништвото и споделувањето искуства. Ве очекува инспиративна вечер со успешни приказни, мотивација и нови познанства!

Крводарителска акција на БАС

Како општествено одговорна високообразовна установа, БАС Битола ве поканува да бидете дел од крводарителската акција која ќе се одржи на 26 Мај, во периодот од 10:00 до 13:00 часот, во просториите на БАС Битола. Понекогаш се доволни само неколку минути за да направиме огромна разлика во нечиј живот. Дарувањето крв не е само хуман гест — тоа е порака дека сме тука едни за други, дека знаеме да помогнеме тогаш кога е најпотребно. Да покажеме дека младите, академската заедница и сите хумани луѓе знаат што значи солидарност, емпатија и вистинска грижа за заедницата. Биди нечија надеж. Дарувај крв.

Тимот на БАС во посета на СОУ „Јосип Броз-Тито“

Тимот на БАС беше во посета на СОУ „Јосип Броз-Тито“ каде што учениците добија можност да се запознаат со нашите студиски програми, да слушнат за шансите што ги нуди Еразмус+ програмата и да дознаат како праксата може да им помогне да изградат реални вештини и искуства. Презентацијата помина во динамична атмосфера, со многу прашања, идеи и инспирација – токму она што ја движи новата генерација кон успех.

Среќна Нова 2026 година!

Бизнис академија Смилевски БАС Ви посакува година исполнета со здравје, мир и нови можности за учење, личен и професионален развој, како и заеднички успеси. Нека 2026 биде година во која ќе продолжиме да ги негуваме заедништвото, посветеноста и чесноста, како вредности кои нè водат кон силна академска заедница и одговорно општество. Со верба во знаењето и силата на заедничката работа, Ви посакуваме успешна, стабилна и инспиративна година. Бизнис академија Смилевски БАС

Интервју за 24инфо | Ѓорѓиевски: Судирот на застарени и модерни вредности и сфаќања – проблем во изготвувањето стратегии во македонските компании

Интервју за порталот 24инфо na виш пред. м-р Иван Ѓорѓиевски – предавач на БАС во областа на оперативниот менаџмент. Целото интервју во прилог:

Истражување

Истражување: Влијанието на организациското учење и стилот на водството врз организациската конкурентност

Day
Hr
Min
Sec

Sign up before the deadline and wait for further instructions in your email!

Here, I'll sign up right away!
No thanks, I don't need a scholarship X