Тимот на БАС беше во посета на СОУ „Јосип Броз-Тито“ каде што учениците добија можност да се запознаат со нашите студиски програми, да слушнат за шансите што ги нуди Erasmus+ програмата и да дознаат како праксата може да им помогне да изградат реални вештини и искуства.
Презентацијата помина во динамична атмосфера, со многу прашања, идеи и инспирација – токму она што ја движи новата генерација кон успех.




