БАС во посета на СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“

Продолжуваме со караванот на посета по училишта. Вчера го посетивме СЕПУГС Васил Антевски Дрен. Благодариме на гостопримството и интересот на учениците. Имавме одлична можност да разговараме со младите, да ги слушнеме нивните идеи, прашања и размислувања. Токму ваквите средби ни даваат мотивација да продолжиме уште поенергично и поблиску до учениците и нивните потреби. Се гледаме и во следното училиште!

Ново партнерство, нови можности: Добредојде Инвентив!

Уште една партнерска организација се приклучува на нашата листа – маркетинг агенцијата Инвентив @inventive_mk Се радуваме на секоја нова соработка и особено сме горди што нашите студенти добиваат можност да учат од најдобрите професионалци во индустријата. Веруваме дека ова партнерство ќе донесе нови знаења, практични искуства и уште поголема инспирација за нивниот кариерен развој.

САЕМ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

Еве како си поминавме на саемот за образование и кариера кој и оваа година го организираа @studentarijamk во @skopjecitymall. Како дел од саемот, имавме можност да се запознаеме со многу матуранти, да одговориме на нивните прашања и да ги презентиравме нашите студиски програми. Разговорите беа искрени и динамични, а интересот и љубопитноста на младите ни дадоа дополнителна мотивација. #saemzaobrazovanie Линк до видеото https://www.facebook.com/share/r/1K4b9A5VS9/

САЕМ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

Денес на саемот за образование @saem.za.obrazovanie штандот на БАС го посети министерката за образование, проф. д-р Весна Јаневска. Таа се запозна со наставните програми и постигнувањата на студентите, при што беше истакната важноста од континуирана поддршка и развој на квалитетно образование. Посетата претставува значајна поддршка и поттик за понатамошна успешна работа на БАС. Ве очекуваме! Линк до видеото https://www.facebook.com/share/r/1GFdYsmb6z/

БАС на Саемот за образование

Во тек е Саемот за образование , а нашите студенти денес во Сити Мол активно комуницираат со учениците и споделуваат информации за студиските програми и можностите што ги нудиме Во духот на образованието – млади со млади за иднината, а утре повторно сме тука да ве пречекаме!

ГЕНЕРАЦИЈА Z И НОВИТЕ ПРАВИЛА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Епизода 3: ДОО Унипрес Нина Биновска, генерален менаџер Линк до видеото https://www.facebook.com/share/r/1Avjh6Yw8E/ Погледнете ја целата епизода во која разговараме за исклучително важни теми поврзани со клучните вештини што младите треба да ги поседуваат денес – нивниот темперамент, став, знаење и желба за учење. Голема благодарност до @nina.b.55 Нина Биновска за споделените искуства и препораки, кои се резултат на нејзината експертиза и долгогодишна посветеност на професионалниот раст и развој. Им благодариме и на нашите партнерски организации за довербата и споделеното знаење.

Webiart и Валерија Дамчевска пред студентите на БАС

Денес во просториите на БАС во Битола се одржа инспиративно предавање од областа на маркетингот. Студентите од прва година имаа привилегија да слушнат како маркетингот функционира во реалниот свет – од градење личен бренд до креативни стратегии што оставаат впечаток, директно од професионалците на Webiart и нашата менторка Валерија Дамчевска. Знаење што се доживува, не само што се чита.

Градиме свесни генерации: Потпишан меморандум за соработка помеѓу БАС и ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола

Директорката на Бизнис академија Смилевски БАС, проф. д-р Гордана Тасевска и директорката на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола, Жанета Тошевска, потпишаа Меморандум за соработка за реализација на заеднички проектни активности од областа на општествено-хуманитарната работа и волонтерски настани. Преку ова партнерство, учениците ќе имаат можност активно да се вклучат во хуманитарни иницијативи, да развијат свест, емпатија и чувство за општествена одговорност. Ваквите активности им овозможуваат директно да се соочат со реални предизвици, да ги разберат различните перспективи и да придонесуваат во проекти што произлегуваат од потребите на заедницата. Општествено-хуманитарната работа претставува и значајна платформа за личен развој – поттикнува критичко размислување, солидарност и подготвеност за конкретна акција. Со оваа соработка, заеднички создаваме млади кои се информирани и активни граѓани кои оставаат позитивен белег во општеството.

Day
Hr
Min
Sec

Sign up before the deadline and wait for further instructions in your email!

Here, I'll sign up right away!
No thanks, I don't need a scholarship X