ГЕНЕРАЦИЈА Z И НОВИТЕ ПРАВИЛА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
Епизода 2: Sara fashion Марија Ковачи, менаџер за човечки ресурси Marija Kovaci @marijakovaci вели: “Лојалноста е параметар кој не излегува од мода” Горди сме на нашите алумни. Погледнете го целото видео https://www.facebook.com/share/r/1BrMts6SPP/ Разговаравме на исклучително важни теми кои се поврзани со клучните вештини кои треба да ги поседуваат младите денес, улогата на нефинансиските бенефити и колку истите може да конпензираат пониска плата и како да се биде конкурентен на пазарот на труд. Благодарност до Марија Ковачи за споделените искуства и препораки кои се резултат на нејзината експертиза и долгогодишно вложување во професионалниот раст и развој. Благодарност до нашите партнерски организации за довербата и споделените знаења и искуства. Следете нè – секоја недела нова епизода и нова перспектива!
IX Меѓународна научна конференција „Современи менаџерски предизвици и организациски науки“

Станете дел од Деветтата меѓународна научна конференција „Современи менаџерски предизвици и организациски науки“! 4-5 јуни 2026, Битола Детали и пријави: https://bas-konferencija.mk
Во БАС студентите секогаш ни се на прво место
Веруваме во нивниот потенцијал. Ги слушаме нивните идеи, ги поддржуваме нивните амбиции и ги охрабруваме да веруваат повеќе во себе. Тука си дел од приказна што ја градиме заедно. Направи го вистинскиот чекор – избери БАС! #мојатаБАСприказна линк до видеото https://www.facebook.com/share/r/17ZzYBoQpB/ @antonija_kocoska
ГЕНЕРАЦИЈА Z И НОВИТЕ ПРАВИЛА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
Линк до видеото https://www.facebook.com/share/r/1G3Le6L1QU/ Бизнис академија Смилевски, во соработка со дел од своите партнерски организации, започнува серијал разговори посветени на влијанието на Генерација Z врз современото работно опкружување. Преку интервјуа со менаџери од компании од различни индустрии, ги анализираме конкретните промени што ги носи новата генерација: очекувањето за флексибилно работно време и remote модел потребата од брз професионален развој и јасна кариерна патека улогата на корпоративната култура дигиталната писменост како стандард, а не предност новиот пристап кон лојалноста, авторитетот и work-life balance Овој серијал ја нагласува силната поврзаност меѓу БАС и бизнис заедницата затоа што иднината на пазарот на труд се гради преку отворен дијалог и реални искуства. Епизода 1: Webiart @webiart.digital Валерија Дамчевска, раководител на маркетинг @damchevska Благодарност до нашите партнерски организации за довербата и споделените знаења и искуства. Следете нè – секоја недела нова епизода и нова перспектива!
Бизнис академија Смилевски – домаќини на учениците од СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп

Во текот на вчерашниот ден имавме чест да бидеме домаќини на учениците од СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп. Посетата беше реализирана како дел од програмата за кариерно советување, во соработка со кариерните советници д-р Мирјана Стојческа Ѓорѓиоска и Билјана Николоска, со цел учениците навремено да се информираат и да донесат правилна одлука за својот понатамошен образовен и професионален пат. Учениците имаа можност да се запознаат со нашите студиски програми, практичната настава, соработката со партнерските организации и можностите за понатамошен развој. Веруваме дека оваа средба беше инспиративна и корисна за сите присутни. Од името на директорката на БАС, проф. д-р Гордана Тасевска, и целиот наставен и административен кадар, упатуваме огромна благодарност до сите ученици, професори и раководството на училиштето за интересот и довербата. Секогаш сте добредојдени!
IX-та Научна конференција на БАС – Битола
Во време кога промените се побрзи од стратегиите, организациската виталност станува услов за опстанок, а не избор. Битола | 04–05 јуни 2026 Битола со Бизнис академија Смилевски како организатор, зазема централно место на академската мапа како домаќин на IX-та Научна конференција на БАС – настан каде што се вкрстуваат науката, практиката и визијата за иднината на организациите. Со тематски фокус “Академски и консултантски предизвици за обезбедување организациска виталност”, конференцијата ги отвора најактуелните прашања со кои се соочуваат современите организации во динамично и неизвесно окружување. Мисијата е јасна: размена на современи идеи, научно засновани пристапи и практични решенија, преку истражувања од областа на организациските науки и менаџментот, економијата, информатичките науки и образованието. Настанот е организиран од БАС Институт за менаџмент – Битола и Бизнис академија Смилевски – БАС, во соорганизаторство на високообразовни институции од Зрењанин и Вуковар. Програмската содржина на конференцијата вклучува учесници и придонеси од Полска, Турција, Албанија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Унгарија и Бугарија, што јасно го потврдува нејзиниот меѓународен карактер и академска релевантност. Кога науката се среќава со практиката – се создава организациска виталност.
БАС – дел од Саемот за образование и кариера

Започни ја твојата иднина со Бизнис Академија Смилевски – БАС (BAS – Biznis Akademija Smilevski)! Модерни студии по менаџмент, маркетинг и управување со квалитет, со практична настава, мали групи и Еразмус+ искуства . Диплома призната во странство, лесно вработлива струка и целосно дигитализирани материјали . Биди дел од БАС и стани менаџер на иднината! БАС ќе биде дел од Саемот за образование и кариера на 27 и 28 февруари! Дојди, информирај се и направи го вистинскиот чекор кон твојата иднина – регистрацијата за Саемот е отворена!
БАС Скопје во нов простор!

Модерен и современ простор. Линк од видеото https://www.facebook.com/share/r/17NZjEQHtw/ Moodle платформа која овозможува лесен пристап до материјали, задачи и комуникација. Софтверско следење на напредокот на студентите. Образование прилагодено на современите потреби Посетете нè на нашите две локации во Скопје и Битола. Ве чекаме!
Ран упис на БАС

Избери современа студиска програма, креирана според потребите на модерниот пазар на труд. Стекни се со реални знаења и практични вештини ИСКОРИСТИ РАН УПИС и обезбеди -50% попуст на школарина
Одбери БАС!

Размислуваш што понатаму? Избери студиска програма Посети нè во Скопје или Битола и биди чекор пред другите Уписи наскоро! #уписи2026 #студирајпаметно #избериБАС