Во рамките на програмата Erasmus+ беше реализирана еднонеделна посета на University of Applied Sciences Lavoslav Ružička in Vukovar, како дел од активностите за унапредување на академската соработка.
Проф. д-р Гордана Тасевска и проф. д-р Лидија Стефановска реализираа предавања во делот на индивидуални мобилности за студентите на Велеучилиштето, а проф. д-р Маја Кузмановска одржа предавање во рамките на програмата BIP: Smart University, Smart Campus III.
Оваа посета претставуваше одлична можност за размена на искуства, знаења и добри практики меѓу институциите, со цел понатамошно продлабочување на меѓународната соработка и развој на квалитетот во високото образование.










