IX-та Научна конференција на БАС – Битола

Во време кога промените се побрзи од стратегиите, организациската виталност станува услов за опстанок, а не избор. Битола | 04–05 јуни 2026 Битола со Бизнис академија Смилевски како организатор, зазема централно место на академската мапа како домаќин на IX-та Научна конференција на БАС – настан каде што се вкрстуваат науката, практиката и визијата за иднината на организациите. Со тематски фокус “Академски и консултантски предизвици за обезбедување организациска виталност”, конференцијата ги отвора најактуелните прашања со кои се соочуваат современите организации во динамично и неизвесно окружување. Мисијата е јасна: размена на современи идеи, научно засновани пристапи и практични решенија, преку истражувања од областа на организациските науки и менаџментот, економијата, информатичките науки и образованието. Настанот е организиран од БАС Институт за менаџмент – Битола и Бизнис академија Смилевски – БАС, во соорганизаторство на високообразовни институции од Зрењанин и Вуковар. Програмската содржина на конференцијата вклучува учесници и придонеси од Полска, Турција, Албанија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Унгарија и Бугарија, што јасно го потврдува нејзиниот меѓународен карактер и академска релевантност.  Кога науката се среќава со практиката – се создава организациска виталност. 

БАС – дел од Саемот за образование и кариера

Започни ја твојата иднина со Бизнис Академија Смилевски – БАС (BAS – Biznis Akademija Smilevski)! Модерни студии по менаџмент, маркетинг и управување со квалитет, со практична настава, мали групи и Еразмус+ искуства . Диплома призната во странство, лесно вработлива струка и целосно дигитализирани материјали . Биди дел од БАС и стани менаџер на иднината! БАС ќе биде дел од Саемот за образование и кариера на 27 и 28 февруари! Дојди, информирај се и направи го вистинскиот чекор кон твојата иднина – регистрацијата за Саемот е отворена!

БАС Скопје во нов простор!

Модерен и современ простор. Линк од видеото https://www.facebook.com/share/r/17NZjEQHtw/ Moodle платформа која овозможува лесен пристап до материјали, задачи и комуникација. Софтверско следење на напредокот на студентите. Образование прилагодено на современите потреби Посетете нè на нашите две локации во Скопје и Битола. Ве чекаме!

Ран упис на БАС

Избери современа студиска програма, креирана според потребите на модерниот пазар на труд. Стекни се со реални знаења и практични вештини ИСКОРИСТИ РАН УПИС и обезбеди -50% попуст на школарина

Одбери БАС!

Размислуваш што понатаму? Избери студиска програма Посети нè во Скопје или Битола и биди чекор пред другите Уписи наскоро! #уписи2026 #студирајпаметно #избериБАС

Научете од најдобрите: Драгица Корењак гостува во БАС

Бизнис академија Смилевски БАС во соработка со Капитал финансиски центар ве покануваат на ексклузивно предавање со Драгица Корењак – автор, експерт за продажба и предавач со долгогодишно искуство. Не ја пропуштајте оваа единствена можност за учење и инспирација! Пријавете се на следниов линк: https://forms.gle/eiq1JxnHNGnYz89g6 За подетални информации, посетете ја веб-страницата на Капитал финансиски центар: https://www.facebook.com/Capitalfinansiskicentar

Деветта меѓународна научна конференција„Современи менаџерски предизвици и организациски науки“

 Со особена чест Ве покануваме да бидете дел од Деветтата меѓународна научна конференција„Современи менаџерски предизвици и организациски науки“, со тематски фокус „Академски и консултантски предизвици за обезбедување организациска виталност“.  Конференцијата ќе се одржи во Битола, на 4 и 5 јуни 2026 година, и ќе претставува значајна платформа за размена на научни и практични сознанија во областа на менаџментот и организациските науки. Детални информации за конференцијата и условите за учество – наскоро! 

Студирај бизнис, маркетинг или менаџмент на квалитет на БАС

Студирајте во модерна високообразовна установа со практична настава , во мали групи, целосно дигитализирани материјали и можност за Еразмус+ искуства https://www.facebook.com/share/r/1GrC2vYgHZ/ Биди дел од генерацијата која го менува светот! Биди дел од БАС! Уписи наскоро! stay tuned

Среќен Божиќ

Во овие светли празнични денови, Бизнис академија Смилевски БАС, упатува искрени желби за здравје, мир, нова надеж и духовна радост до сите наши студенти, професори, соработници и пријатели. Нека овој ден Ви донесе топлина во срцата, спокој и сила за сите животни и професионални предизвици што следуваат. Како што учи Малиот принц: „Човекот гледа добро само со срцето. Суштината е невидлива за очите.“ Затоа, во овие празнични денови, кога светот брза и брои време, успех, признанија, резултати, Божиќ нè учи да застанеме, да слушаме и да се грижиме едни за други . Знаењето, човечноста и добрината се вредности што остануваат засекогаш — токму тие нè прават вистински богати . Нека срцето нè води кон добрина, внимание и споделување со другите . Со желба празниците да Ви донесат светлина, мир и искрена радост во секој дом, Ви посакуваме среќен Божиќ .

Среќна Нова 2026 година!

Бизнис академија Смилевски БАС Ви посакува година исполнета со здравје, мир и нови можности за учење, личен и професионален развој, како и заеднички успеси. Нека 2026 биде година во која ќе продолжиме да ги негуваме заедништвото, посветеноста и чесноста, како вредности кои нè водат кон силна академска заедница и одговорно општество. Со верба во знаењето и силата на заедничката работа, Ви посакуваме успешна, стабилна и инспиративна година. Бизнис академија Смилевски БАС

Day
Hr
Min
Sec

Sign up before the deadline and wait for further instructions in your email!

Here, I'll sign up right away!
No thanks, I don't need a scholarship X