Празнична хуманитарна иницијатива на Кариерниот центар при Бизнис академија Смилевски – БАС во Дом за стари лица „Сју Рајдер“ 🎄✨

Во духот на солидарноста, грижата, споделувањето и празничната радост, Кариерниот центар на Бизнис академија Смилевски БАС и оваа година реализираше значајна празнична иницијатива . Една шолја кафе , една искрена насмевка и чувството дека некој мисли на тебе — тоа е вистинската празнична магија. По повод Новогодишните празници, го посетивме Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола. Со мал гест подаривме голема радост и топлина во срцата , потсетувајќи дека грижата за заедницата и човечките вредности се дел од нашето секојдневно делување . На сите им посакуваме среќни и исполнети празници, со многу здравје, насмевки и убави моменти
Благодарница за неизмерна доверба и долгогодишна поддршка на настанот „Жени претприемачи“

Проф. д-р Гордана Тасевска, директор на Бизнис академија Смилевски, во име на институцијата прими благодарница за несебичната и континуирана поддршка што БАС со години ја дава на настанот „Жени претприемачи“, кој оваа година се одржа по 8-ми пат Неизмерно сме благодарни за можноста да бидеме дел и да придонесеме кон вакви исклучително значајни иницијативи кои имаат силен импакт врз општеството, а особено врз жените и нивното претприемачко охрабрување Настанот секогаш изобилува со инспиративни говорници, моќни приказни и автентични искуства кои го будат и зајакнуваат претприемачкиот дух кај секој присутен. Голема благодарност до организаторите KASIA EVENTS – Катерина Котлареска и Борис Ефтимовски за укажаната доверба и беспрекорната организација. Во продолжение споделуваме дел од атмосферата, дополнително збогатена со присуството на нашите студенти, кои со својата енергија, љубопитност и млад дух дадоа посебна вредност на настанот
Промовиран уште еден доктор на науки на Бизнис академија Смилевски БАС д-р Горазд Смилевски

На оваа промоција на највисокиот научен степен се прославува академскиот успех кој е врв на долгогодишна посветеност, истражување и професионален раст. Во видеото ќе слушнете дел од инспиративното обраќање на д-р Смилевски, кој ја споделува својата визија и инспирација за темата на неговиот докторски труд. Честитки докторе! Линк до видеото: https://www.facebook.com/reel/833120572899549
Инспиративно предавање за финансиска писменост на БАС од Славчо Утковски, финансиски советник во WVP Group

Денес на БАС се одржа исклучително инспиративно и динамично предавање од Славчо Утковски, финансиски советник во WVP Group. Студентите имаа можност да ја продлабочат темата Финансиска писменост преку практични примери, корисни насоки и современи пристапи кон личните финансии. Ваков тип на предавања ја збогатуваат академската средина и создаваат реална вредност за идните професионалци. Продолжуваме со активности што мотивираат и поттикнуваат развој
Признание за долгогодишна соработка со БАС Битола по повод 65 години Факултет за Биотехнички науки – Битола

По повод 65 години Факултет за биотехнички науки – Битола, проф. д-р Елена Јошевска додели признание за одличната и долгогодишна соработка со Бизнис академија Смилевски – БАС Битола. Признанието во име на БАС го прими проф. д-р Тони Соклевски, заменик директор, заедно со претставници од академската заедница. Голем јубилеј, силно партнерство и уште многу заеднички проекти пред нас.