Проф. д-р Гордана Тасевска: „Горди сме на новата генерација дипломци на БАС“

Интервју со директорката на БАС, проф. д-р Гордана Тасевска, која зборува за значењето на свечената церемонија на доделување дипломи, бројот на дипломирани студенти и идните планови на институцијата Дознајте повеќе во видеото https://www.facebook.com/share/v/18JpwnUNvD/

БАС ја одбележа свечената церемонија на доделување дипломи

Во Битола, во Народниот театар, на 05.04 се одржа свечената церемонија на доделување дипломи на студентите од прв и втор циклус на студии на Бизнис академијата Смилевски БАС. Настанот се одвиваше во свечена атмосфера, во присуство на професори, дипломци, нивните семејства и бројни гости. Вкупно 108 студенти успешно го завршија првиот циклус на студии, додека 31 студент ги комплетираа постдипломските студии, односно вториот циклус. Пред присутните се обратија директорката проф. д-р Гордана Тасевска, еден од основачите, проф. д-р Цветко Смилевски, заменик директорот проф. д-р Тони Соклевски и проф. д-р Лидија Стефановска. Ви посакуваме успех и исполнување на сите лични и професионални цели!

Доделување дипломи на БАС

Денес, во просториите на Народниот театар во Битола, се одржа свечената церемонија на доделување дипломи за прв и втор циклус на студии на БАС. Голема честитка до сите дипломци — продолжете храбро, градете го својот пат и оставете свој печат во светот што ве чека!

БАС доделување на дипломи

Не е крај. Ова е моментот што отвора врати. Каде што вложениот труд станува признание, а знаењето – сигурен чекор кон иднината. Народен театар Битола 05.04.2026 12:00 часот Генерација што не чека шанса – туку ја создава. #BAS#GraduationDay#NextLevel#ProudMoment

Склучен меморандум за соработка помеѓу Бизнис академија Смилевски и Ветеринарниот факултет во Битола

Денес официјално го зацврстивме партнерството! Помеѓу Бизнис академија Смилевски и Ветеринарниот факултет во Битола беше потпишан Меморандум за соработка, инициран преку соработката на двата кариерни центри. Како одличен старт на оваа приказна, проф. Билјана Галовска одржа инспиративно предавање за студентите од двата факултета на тема: „Од студент до професионалец – коучинг алатки за успешен кариерен развој“. Оваа соработка не е само формалност – таа отвора нови врати за знаење, развој и реални можности за студентите.

Среќен роденден Професоре!

Тимот на БАС ви посакува многу здравје, моменти исполнети со радост и уште многу генерации кои ќе ги инспирирате и насочувате кон вистински вредности. Вашата страст и посветеност во работата се поттик и силна мотивација за сите околу вас. Ви посакуваме денови исполнети со среќа, нови достигнувања, спокој и мир во душата.

Зошто студентите го бираат БАС ?

Линк до видеото https://www.facebook.com/share/r/1Wtng7igfJ/ Да слушнеме зошто Сашка, Ивана и Елена го избраа БАС. Дојдете и вие на БАС — ве очекуваме! Ајде заедно да се запознаеме, да се дружиме и да видите зошто БАС е вистинскиот избор

БАС караван за посета на средните училишта низ Македонија

Караванот за посета на средните училишта низ Македонија го заокруживме со ОСУ „Јовче Тесличков“ и СОУ гимназија „Кочо Рацин“ во Велес. Огромна благодарност до домаќините за топлото гостопримство! Средбите поминаа во одлична, интерактивна атмосфера, исполнета со корисни прашања и разговори. Пред матурантите стои една од најважните животни одлуки. Нашата институција секогаш е тука да помогне со совет и да одговори на сите прашања. Матуранти, ве очекуваме!

Склучен меморандум за соработка помеѓу Бизнис академија Смилевски и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Битола

Со потпишување на Меморандум за соработка, БАС и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола започнаа проект што носи вистинска вредност. Во рамки на проектот „Креативноста на младите во улога на хуманизмот“, реализиравме донација во ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација – Битола, играчки, книги и едукативни материјали за најмалите. Ова не беше само акција, туку лекција по хуманост, емпатија и заедништво. Мали гестови. Големо значење.

Одбројувањето до доделувањето на дипломите започна!

Генерацијата што оваа година ја затвора својата академска приказна полека заокружува едно важно поглавје. Зад нив стојат години труд, раст и посветеност — пред нив се нови патишта, предизвици и можности што чекаат да бидат освоени. Ова е моментот кога соништата стануваат планови, а плановите — реалност.

Day
Hr
Min
Sec

Sign up before the deadline and wait for further instructions in your email!

Here, I'll sign up right away!
No thanks, I don't need a scholarship X