Бизнис академија Смилевски во посета на НУУБ „Св. Климент Охридски“

Бизнис академија Смилевски упатува искрена благодарност до НУУБ Св. Климент Охридски за топлото гостопримство, отвореноста и подготвеноста за соработка. Особена благодарност упатуваме до Фатма Бајрам Аземовска за нејзината посветеност, професионалниот пристап и за сите споделени информации и можности. Ваквиот пристап и поддршка претставуваат значаен придонес во унапредувањето на практичното знаење и искуството на студентите, како и во градењето успешна и квалитетна соработка помеѓу институциите.

БАС во посета на СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“

Продолжуваме со караванот на посета по училишта. Вчера го посетивме СЕПУГС Васил Антевски Дрен. Благодариме на гостопримството и интересот на учениците. Имавме одлична можност да разговараме со младите, да ги слушнеме нивните идеи, прашања и размислувања. Токму ваквите средби ни даваат мотивација да продолжиме уште поенергично и поблиску до учениците и нивните потреби. Се гледаме и во следното училиште!

„Библиотеката и доживотното учење – чекор кон кариера“ – Бизнис академија Смилевски – БАС

Нашата менторка од НУУБ Св. Климент Охридски, Фатма Бајрам Аземовска, се истакнува со својата посветеност, ангажираност и искрен менторски пристап кон студентите. Со своето знаење и поддршка значително придонесува за квалитетна и успешна соработка, а нашата заедничка работа континуирано ја промовира и преку објави – овој пат на платформата EPALE. https://epale.ec.europa.eu/mk/blog/bibliotekata-i-dozhivotnoto-uchene-chekor-kon-kariera

Ново партнерство, нови можности: Добредојде Инвентив!

Уште една партнерска организација се приклучува на нашата листа – маркетинг агенцијата Инвентив @inventive_mk Се радуваме на секоја нова соработка и особено сме горди што нашите студенти добиваат можност да учат од најдобрите професионалци во индустријата. Веруваме дека ова партнерство ќе донесе нови знаења, практични искуства и уште поголема инспирација за нивниот кариерен развој.

БАС ја започна кампањата за уписи со посета на средните училишта

Бизнис академија Смилевски Бас ја започнува кампањата на уписи со посета на училиштата низ нашата земја. По тој повод вчера го посетивме училиштето СУГС Раде Јовчевски – Корчагин каде учениците имаа можност да слушнат какви студиски програми имаме и кои можности ги нуди БАС на студентите во текот на студирањето. Во рамките на посетата беше склучен и Меморандум за соработка како дел од Кариерниот центар на училиштето. Нашата институција секогаш е спремна за заедничко учење и соработка. Со оваа соработка продолжуваме да градиме силна врска помеѓу средното и високото образование, создавајќи нови можности за развој, напредок и успешна иднина на младите.

САЕМ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

Еве како си поминавме на саемот за образование и кариера кој и оваа година го организираа @studentarijamk во @skopjecitymall. Како дел од саемот, имавме можност да се запознаеме со многу матуранти, да одговориме на нивните прашања и да ги презентиравме нашите студиски програми. Разговорите беа искрени и динамични, а интересот и љубопитноста на младите ни дадоа дополнителна мотивација. #saemzaobrazovanie Линк до видеото https://www.facebook.com/share/r/1K4b9A5VS9/

САЕМ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

Денес на саемот за образование @saem.za.obrazovanie штандот на БАС го посети министерката за образование, проф. д-р Весна Јаневска. Таа се запозна со наставните програми и постигнувањата на студентите, при што беше истакната важноста од континуирана поддршка и развој на квалитетно образование. Посетата претставува значајна поддршка и поттик за понатамошна успешна работа на БАС. Ве очекуваме! Линк до видеото https://www.facebook.com/share/r/1GFdYsmb6z/

БАС на Саемот за образование

Во тек е Саемот за образование , а нашите студенти денес во Сити Мол активно комуницираат со учениците и споделуваат информации за студиските програми и можностите што ги нудиме Во духот на образованието – млади со млади за иднината, а утре повторно сме тука да ве пречекаме!

ГЕНЕРАЦИЈА Z И НОВИТЕ ПРАВИЛА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Епизода 3: ДОО Унипрес Нина Биновска, генерален менаџер Линк до видеото https://www.facebook.com/share/r/1Avjh6Yw8E/ Погледнете ја целата епизода во која разговараме за исклучително важни теми поврзани со клучните вештини што младите треба да ги поседуваат денес – нивниот темперамент, став, знаење и желба за учење. Голема благодарност до @nina.b.55 Нина Биновска за споделените искуства и препораки, кои се резултат на нејзината експертиза и долгогодишна посветеност на професионалниот раст и развој. Им благодариме и на нашите партнерски организации за довербата и споделеното знаење.

Day
Hr
Min
Sec

Пријави се пред истекот на времето и очекувај ги натамошните инструкции на твојот емаил!

Еве, веднаш ќе се пријавам!
Не благодарам, не ми треба стипендија X