На 20.04.2026 во просториите на БАС Скопје, како дел од програмата за Кариерниот центар се оддржа првата работилница со партнерската организација ВФП на тема “Продажба и комуникација”
Присуствуваа студентите од прва година, каде преку практични примери, работа во групи, симулации и студија на случај се запознаа и стекнаа вештини за ефективна продажба, успешна деловна комуникација и градење односи со клиенти. Преку интерактивниот пристап, учесниците имаа можност да ги унапредат своите презентациски способности, да научат техники за активно слушање, справување со различни типови на клиенти и преговарање во реални деловни ситуации.
Работилницата овозможи одлична размена на искуства, поттикна тимска работа и критичко размислување, а студентите покажаа висок степен на вклученост и мотивација. Настанот претставува значаен чекор во практичната едукација на студентите и успешен почеток на соработката помеѓу БАС и ВФП.
