БАС караван за посета на средните училишта низ Македонија

„Денес бевме во посета на приватното средно училиште „САБА“, каде имавме можност да ги презентираме студиските програми и можностите што им се нудат на идните студенти , како и да одговориме на нивните прашања и да ги запознаеме со условите за студирање. Продолжуваме со караванот и посетите во средните училишта со цел да им помогнеме на матурантите полесно да го направат својот избор за идните студии.

БАС во посета на СОУ “Крсте Петков Мисирков” Демир Хисар и СОУ “Наум Наумовски Борче” – Крушево

Нашиот тим ги посети СОУ “Крсте Петков Мисирков” Демир Хисар и СОУ “Наум Наумовски Борче” – Крушево, каде имавме одлична средба со матурантите и разговаравме за можностите што ги нуди студирањето на БАС. Учениците ги запознавме со нашите студиски програми, практичната настава и со натпреварот за стипендии, преку кој можат да освојат значајна поддршка за своето образование. Интересот и енергијата што ја покажаа учениците беа навистина инспиративни, а ние сме секогаш тука да им помогнеме да го направат следниот чекор кон својата академска и професионална иднина.

БАС караван за посета на средните училишта низ Македонија

Голема благодарност до учениците и целиот персонал во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ во Скопје за топлиот пречек и исклучителното гостопримство. Тимот од БАС со голем ентузијазам ги претстави студиските програми и бројните можности што нашата установа им ги нуди на идните студенти. Со задоволство одговоривме на сите прашања и разговаравме со учениците за нивните идни академски и професионални планови. Се надеваме дека оваа прекрасна соработка ќе продолжи и во текот на оваа година.

Тимот на БАС во посета на СОУ „Јосип Броз-Тито“

Тимот на БАС беше во посета на СОУ „Јосип Броз-Тито“ каде што учениците добија можност да се запознаат со нашите студиски програми, да слушнат за шансите што ги нуди Еразмус+ програмата и да дознаат како праксата може да им помогне да изградат реални вештини и искуства. Презентацијата помина во динамична атмосфера, со многу прашања, идеи и инспирација – токму она што ја движи новата генерација кон успех.

Нашите студенти во посета на Стопанска комора Битола

Запознавањето со бизнис секторот и вмрежувањето со луѓе од истиот е клучно за идните професионалци. Токму затоа денес студентите од прва година, заедно со координаторот за пракса, ја посетија Стопанската комора – Битола. Таму имаа можност да се запознаат со нејзината работа, да ги откријат можностите кои ги нуди и да направат први чекори кон градење на својата професионална мрежа. Ваквите искуства се од исклучителна важност – тие не само што ги инспирираат студентите, туку и ги подготвуваат за иднината која ги очекува.

Натпревар за стипендии во БАС!

Отворен е натпреварот за стипендии во БАС! Ова е шанса што не се пропушта за сите кои сакаат да инвестираат во своето образование и иднина. Аплицирај сега! Местата се ограничени. Линкот за пријава е во био. https://www.facebook.com/reel/1254458490157273

Караванот на БАС низ нашите средни училишта продолжува!

Овојпат ги посетивме следниве училишта: Гимназија СОУ Мирче Ацев, СОУ Кузман Јосифовски Питу, СОУ Ристе Ристески Ричко, СОУ Орде Чопела и СОУ Ѓорче Петров, каде што нашиот тим имаше одлична средба со матурантите. Им ги претставивме студиските програми на БАС, можностите за студирање, практичната настава и сите бенефити што ги очекуваат како идни студенти. Разговори, прашања, идеи и многу позитивна енергија – караванот продолжува да ги носи новите можности поблиску до идните студенти!

БАС караван за посета на средните училишта низ Македонија

Продолжуваме со енергија и ентузијазам во нашата мисија – да ги доближиме можностите за студирање до младите. Тимот на БАС го посети СОУ „Таки Даскало“ – Битола, каде со матурантите разговаравме за студиските програми, можностите за личен и професионален развој и чекорите кон успешна кариера. Инспиративни средби, нови идеи и мотивирани млади луѓе – иднината започнува токму тука!

Тимот на БАС во посета на училиштето СУГС Владо Тасевски

Продолжуваме посветено кон мисијата да ги доближиме можностите за студирање до младите. Тимот на БАС го посети училиштето СУГС Владо Тасевски каде ги претстави студиските програми, можностите за развој и идните кариерни патишта пред матурантите.

БАС ви посакува Среќен 8ми Март!

Сила. Храброст. Визија. Линк до видеото https://www.facebook.com/share/v/1Cm4CMHYqb/ Жените не се само дел од приказната – тие ја движат напред. Денес, на 8 Март, Бизнис академија Смилевски им оддава почит на сите жени кои секојдневно рушат бариери, создаваат можности и инспирираат со својата посветеност. Особено сме горди на жените од нашиот тим – силни, паметни и амбициозни личности кои се срцето и енергијата на БАС. Вашата работа, страст и упорност се доказ дека вистинската сила е во знаењето, храброста и желбата да се направи промена. Среќен 8 Март на сите неверојатни жени. Продолжете да блескате.

Day
Hr
Min
Sec

Пријави се пред истекот на времето и очекувај ги натамошните инструкции на твојот емаил!

Еве, веднаш ќе се пријавам!
Не благодарам, не ми треба стипендија X