Регистрирај го твоето учество и очекувај не на твојот мејл со натамошни инструкции.
Рокот за пријавување е најдоцна до 25.03.2023г.
Сите заинтересирани матуранти и млади до 22 години треба да се пријават пред 25.03.2023 најдоцна до 23:59 на формата на оваа страница.
Сите регистрирани учесници, ќе добијат инструкции на мејл на 27.03 во 09:00ч за тестот.
Најуспешните кандидати ќе реализираат интервју во БАС.
Најуспешните финалисти на натпреварот ќе добијат стипендии во висина до 60% од вкупната школарина.
Бизнис академија Смилевски е единствената високообразовна институција во Македонија која нуди професионални студии по менаџмент и тоа:
Препознатливи сме по нашиот начин на работа кој вклучува: мали групи на студенти, фокус на практични знаења наместо теорија, многу пракса и поддршка од кариерниот центар за време на студии, достапност на професорите и лесна вработливост на нашите дипломирани студенти.
Едно од нашите главни обележја низ годините е НАТПРЕВАРОТ ЗА СТИПЕНДИИ кој го организираме секоја година без исклучок!
Оваа година натпреварот се состои од два дела.
Првиот дел е онлајн тест каде ќе треба да ги покажеш твоите ставови и размислувања за менаџментот. Не треба да учиш на памет дефиниции и набројувања. Тестот ќе има неколку студии на случај (case studies) каде ќе треба да ни кажеш како ти би го решил/а проблемот.
Вториот дел од натпреварот е интервју, со физичко присуство или онлајн, по твој избор. Интервјуто ќе има за цел да ни даде комплетна слика за тебе, твоите знаења и интереси.
Најдобро рангираните кандидати ќе добијат понуда за стипендија за студирање во БАС!
На натпреварот може да се пријават сите матуранти и млади до 22 години. На крај, не заборавајте: Пријавувањето трае до 25 март!
Матурант или на возраст до 22 години, пријави се на натпреварот и можеш да освоиш стипендија до 60% од школарината на студиите по бизнис или маркетинг менаџмент!