Успешни приказни кои инспирираат: „Промедика“ е наш нов партнер!

Со гордост ја најавуваме соработката со уште една партнерска организација. Промедика — компанија која веќе три децении е синоним за доверба, професионалност и врвна поддршка на здравствениот сектор во нашата земја.​Основана во 1996 година, Промедика преку своите четири клучни области — фармација, медицина, обезбедување квалитет и стоматологија со забна техника — обезбедува врвна опрема, производи и стручна експертиза за сите здравствени институции и професионалци.​Нивната филозофија дека соработката не завршува со испораката, туку продолжува низ целосната логистичка, едукативна и техничка поддршка.А особено сме горди што наши студенти се дел од успешни приказни.Браво Марин!

Меѓународно признание за професорката на БАС, д-р Сузана Пецаковска – добитничка на стипендијата Western Balkans–Visegrad Fellowship

Со особено задоволство ја споделуваме можноста што ја доби нашата професорка д-р Сузана Пецаковска која е добитник на стипендијата Western Balkans–Visegrad Fellowship поддржана од Фондот за Западен Балкан и Меѓународниот Вишеградски фонд. Во текот на двонеделниот студиски и истражувачки престој, таа ќе престојува на Универзитетот Корвинус во Будимпешта, каде што ќе соработува со Центарот за меѓународни студии во високото образование и Институтот за стратегија и менаџмент. Престојот претставува можност за размена на знаења и искуства со унгарски академски колеги, проширување на професионалната мрежа и понатамошен развој на истражувањето во областа на интернационализацијата на високото образование во Западен Балкан. БАС ја поддржува меѓународната академска соработка и професионалниот развој на својот кадар, препознавајќи ја нивната важност за унапредување на квалитетот во високото образование и создавање нови можности за институционално поврзување. Честитки за ова значајно признание и успешен престој на Универзитетот Корвинус во Будимпешта!

Успешен почеток на новото академско поглавје!

Првиот академски час на двете локации на Бизнис академија Смилевски – Битола и Скопје, помина во прекрасна атмосфера, исполнета со насмевки, позитивна енергија и возбудување за предизвиците што ги носи новата академска година. Заедно со нашите студенти, го означивме почетокот на едно ново поглавје исполнето со знаење, можности, личен развој и нови искуства. На сите студенти им посакуваме успешна академска година, многу научени лекции, остварени цели и незаборавни моменти! Добредојдовте во БАС – местото каде што знаењето отвора нови можности!

Првиот час на БАС има закажано време и место

Првиот час има закажано време и место. Следните чекори ги пишувате вие. Четврток, 1 октомври Битола — 17:00 | редовни и вонредни студенти Скопје — 13:00 | редовни студенти Скопје — 17:00 | вонредни студенти Ви посакуваме љубопитност што не стивнува, пријателства што остануваат и знаење што ќе ви ги отвори вратите на животот. Добредојдовте во БАС!

Нова средба, нови можности!

KARIERA.mk потпиша Меморандум за соработка со Бизнис Академија Смилевски, со заедничка цел поврзување на образованието со реалните потреби на пазарот на трудот. Преку ова партнерство ќе создаваме повеќе можности за учење, развој, практични знаења и поврзување на младите со компании и работодавачи. Ова е само почеток пред нас се бројни заеднички активности и можности за младите да го направат својот следен кариерен чекор.

Трет уписен рок

Последна шанса за третиот уписен рок! Местата се при крај! Избери меѓу Бизнис менаџмент, Маркетинг менаџмент и Менаџмент на квалитет и започни го своето образование во средина што го поврзува знаењето со практиката. БАС – твојот следен чекор започнува сега. #БАС#Упис2026#ТретУписенРок#БизнисМенаџмент#МаркетингМенаџмент МенаџментНаКвалитет

ПРОФ. Д-Р МАЈА КУЗМАНОВСКА НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РЕВИЗИЈА „ЕХОТО НА ОДЛУКИТЕ“

Проф. д-р Маја Кузмановска, на 15 и 16 септември беше дел од Годишната меѓународна конференција за ревизија „Ехото на Одлуките“, која се одржа во Охрид во организација на Здружението на Внатрешни Ревизори на Северна Македонија и Институтот на овластени ревизори на РСМ. Здружение на Внатрешни Ревизори на Северна Македонија – IIA North Macedonia Во рамки на конференцијата, проф. д-р Кузмановска учествуваше на панел-дискусијата „Човечки капитал: Јазот помеѓу очекувањата и реалноста“, каде од перспективата на високото образование говореше за потребата од комбинирање на знаењето и вештините со кои дипломираат младите, очекувањата на бизнис-секторот, потребата од современи и флексибилни студиски програми и поврзувањето на образованието со реалните потреби на пазарот на труд. Честитки за беспрекорната организација и за можноста да се отворат значајни прашања поврзани со развојот на човечкиот капитал.

ОТВОРЕН ДЕН ВО БАС!

На 23.09.2026, од 10:00 до 14:00 часот, те очекуваме во просториите на БАС Битола и БАС Скопје! Овојпат имаме нешто посебно за тебе! На Отворениот ден можеш да ја запознаеш студиската програма Менаџмент на квалитет и да освоиш -30% ПОПУСТ на школарината! Зошто да ја запомниш оваа можност? Затоа што квалитетот денес е повеќе од стандард — тој е конкурентска предност, професионална вредност и можност за развој во различни индустрии. 23.09.2026 10:00–14:00 БАС Битола | БАС Скопје Запомни го датумот. Освои го попустот. Инвестирај во својата иднина!

Во пресрет на новата академска година, интервју со проф. д-р Гордана Тасевска, директорка на Бизнис Академија Смилевски – БАС

Проф. д-р Тасевска е и професорка во областа на менаџментот на човечките ресурси, личниот менаџменти организациското комуницирање. Во разговорот за МАРИЛИ, таа зборува за резултатите и отворените задачи на Академијата, за практичното образование, меѓународната соработка и за границата меѓу технолошката ефикасност и човечката одговорност. Бизнис Акадедемија Смилевски е единствената акредитирана високообразовна установа која успешно функционира во областа на високото образование уште од 2007 година. Прочитајте го целото интервју со директорката на БАС, проф. д-р Гордана Тасевска на следниов линк: https://www.marili.com.mk/statija/?id=1757&fbclid=IwY2xjawUV1epwZG9mBWV4dG4DYWVtAjExAHNydGMGYXBwX2lkEDIyMjAzOTE3ODgyMDA4OTIAAR7BlmrVmUw2sxaa9BJnZmV6k16gt2-Rq9fbzGhjAJB7qav-EPC52Q622l6ElA_aem_eyHc3CSPDRyNC22IMXxXUA Благодариме на агенција Marili Agencija за долгогодишната соработка

Промоција на четири научни дела на проф. д-р Имер Зенку – долгогодишен соработник на БАС и БАСИМ

Во Центарот за култура во Кичево се одржа промоција на четири научни дела од проф. д-р Имер Зенку. Настанот обедини претставници од академскиот, културниот и општествениот живот, како и бројни соработници, пријатели и членови на семејството на авторот. Директорот на БАС , проф. д-р Гордана Тасевска говореше како рецензент на книгата „Менаџмент на енергетски предизвици“. Во своето обраќање ги истакна научната и стручната вредност на делото, неговото значење за современите енергетски предизвици, менаџментот, економијата и развојот. На промоцијата присуствуваа основачот на БАС, проф. д-р Цветко Смилевски и уредниците на книгата „Менаџмент на енергетски предизвици“ проф. д-р Лидија Стефановска и проф. д-р Тони Соклевски. Настанот беше збогатен со проекција на документарен филм посветен на животот и делото на авторот. На проф. д-р Имер Зенку му упатуваме искрени честитки за овој значаен научен придонес и му посакуваме уште многу професионални успеси!

Day
Hr
Min
Sec

Sign up before the deadline and wait for further instructions in your email!

Here, I'll sign up right away!
No thanks, I don't need a scholarship X