Успешен почеток на новото академско поглавје!

Првиот академски час на двете локации на Бизнис академија Смилевски – Битола и Скопје, помина во прекрасна атмосфера, исполнета со насмевки, позитивна енергија и возбудување за предизвиците што ги носи новата академска година. Заедно со нашите студенти, го означивме почетокот на едно ново поглавје исполнето со знаење, можности, личен развој и нови искуства. На сите студенти им посакуваме успешна академска година, многу научени лекции, остварени цели и незаборавни моменти! Добредојдовте во БАС – местото каде што знаењето отвора нови можности!
Првиот час на БАС има закажано време и место

Првиот час има закажано време и место. Следните чекори ги пишувате вие. Четврток, 1 октомври Битола — 17:00 | редовни и вонредни студенти Скопје — 13:00 | редовни студенти Скопје — 17:00 | вонредни студенти Ви посакуваме љубопитност што не стивнува, пријателства што остануваат и знаење што ќе ви ги отвори вратите на животот. Добредојдовте во БАС!
Нова средба, нови можности!

KARIERA.mk потпиша Меморандум за соработка со Бизнис Академија Смилевски, со заедничка цел поврзување на образованието со реалните потреби на пазарот на трудот. Преку ова партнерство ќе создаваме повеќе можности за учење, развој, практични знаења и поврзување на младите со компании и работодавачи. Ова е само почеток пред нас се бројни заеднички активности и можности за младите да го направат својот следен кариерен чекор.
Трет уписен рок

Последна шанса за третиот уписен рок! Местата се при крај! Избери меѓу Бизнис менаџмент, Маркетинг менаџмент и Менаџмент на квалитет и започни го своето образование во средина што го поврзува знаењето со практиката. БАС – твојот следен чекор започнува сега. #БАС#Упис2026#ТретУписенРок#БизнисМенаџмент#МаркетингМенаџмент МенаџментНаКвалитет
ПРОФ. Д-Р МАЈА КУЗМАНОВСКА НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РЕВИЗИЈА „ЕХОТО НА ОДЛУКИТЕ“

Проф. д-р Маја Кузмановска, на 15 и 16 септември беше дел од Годишната меѓународна конференција за ревизија „Ехото на Одлуките“, која се одржа во Охрид во организација на Здружението на Внатрешни Ревизори на Северна Македонија и Институтот на овластени ревизори на РСМ. Здружение на Внатрешни Ревизори на Северна Македонија – IIA North Macedonia Во рамки на конференцијата, проф. д-р Кузмановска учествуваше на панел-дискусијата „Човечки капитал: Јазот помеѓу очекувањата и реалноста“, каде од перспективата на високото образование говореше за потребата од комбинирање на знаењето и вештините со кои дипломираат младите, очекувањата на бизнис-секторот, потребата од современи и флексибилни студиски програми и поврзувањето на образованието со реалните потреби на пазарот на труд. Честитки за беспрекорната организација и за можноста да се отворат значајни прашања поврзани со развојот на човечкиот капитал.
ОТВОРЕН ДЕН ВО БАС!

На 23.09.2026, од 10:00 до 14:00 часот, те очекуваме во просториите на БАС Битола и БАС Скопје! Овојпат имаме нешто посебно за тебе! На Отворениот ден можеш да ја запознаеш студиската програма Менаџмент на квалитет и да освоиш -30% ПОПУСТ на школарината! Зошто да ја запомниш оваа можност? Затоа што квалитетот денес е повеќе од стандард — тој е конкурентска предност, професионална вредност и можност за развој во различни индустрии. 23.09.2026 10:00–14:00 БАС Битола | БАС Скопје Запомни го датумот. Освои го попустот. Инвестирај во својата иднина!
Во пресрет на новата академска година, интервју со проф. д-р Гордана Тасевска, директорка на Бизнис Академија Смилевски – БАС

Проф. д-р Тасевска е и професорка во областа на менаџментот на човечките ресурси, личниот менаџменти организациското комуницирање. Во разговорот за МАРИЛИ, таа зборува за резултатите и отворените задачи на Академијата, за практичното образование, меѓународната соработка и за границата меѓу технолошката ефикасност и човечката одговорност. Бизнис Акадедемија Смилевски е единствената акредитирана високообразовна установа која успешно функционира во областа на високото образование уште од 2007 година. Прочитајте го целото интервју со директорката на БАС, проф. д-р Гордана Тасевска на следниов линк: https://www.marili.com.mk/statija/?id=1757&fbclid=IwY2xjawUV1epwZG9mBWV4dG4DYWVtAjExAHNydGMGYXBwX2lkEDIyMjAzOTE3ODgyMDA4OTIAAR7BlmrVmUw2sxaa9BJnZmV6k16gt2-Rq9fbzGhjAJB7qav-EPC52Q622l6ElA_aem_eyHc3CSPDRyNC22IMXxXUA Благодариме на агенција Marili Agencija за долгогодишната соработка
Промоција на четири научни дела на проф. д-р Имер Зенку – долгогодишен соработник на БАС и БАСИМ

Во Центарот за култура во Кичево се одржа промоција на четири научни дела од проф. д-р Имер Зенку. Настанот обедини претставници од академскиот, културниот и општествениот живот, како и бројни соработници, пријатели и членови на семејството на авторот. Директорот на БАС , проф. д-р Гордана Тасевска говореше како рецензент на книгата „Менаџмент на енергетски предизвици“. Во своето обраќање ги истакна научната и стручната вредност на делото, неговото значење за современите енергетски предизвици, менаџментот, економијата и развојот. На промоцијата присуствуваа основачот на БАС, проф. д-р Цветко Смилевски и уредниците на книгата „Менаџмент на енергетски предизвици“ проф. д-р Лидија Стефановска и проф. д-р Тони Соклевски. Настанот беше збогатен со проекција на документарен филм посветен на животот и делото на авторот. На проф. д-р Имер Зенку му упатуваме искрени честитки за овој значаен научен придонес и му посакуваме уште многу професионални успеси!
Менаџмент на квалитет – знаење што создава вредност.

Квалитетот не е само стандард – тој е основа за успешна, ефикасна и конкурентна организација. Со студиската програма Менаџмент на квалитет на Бизнис академија Смилевски, стекнете знаења и практични вештини за планирање, унапредување и управување со квалитетот во современите организации. Теоретско знаење Практична настава Фокус на реални деловни процеси Знаења применливи во кариерата Инвестирајте во знаење. Изградете стручност. Управувајте со квалитетот. Информирајте се за условите за упис и направете го следниот чекор кон вашата професионална иднина.
Зошто Менаџмент на квалитет?

Квалитетот не е само стандард – тој е основа за успешна и конкурентна организација. Со студиската програма Менаџмент на квалитет на Бизнис академија Смилевски, ќе стекнеш знаења и практични вештини за: Стекни знаење што има практична вредност и подготви се за кариера во која квалитетот прави разлика. Избери студиска програма што те подготвува за реалните потреби на современиот бизнис. Запиши се на Менаџмент на квалитет во БАС.