САЕМ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

Денес на саемот за образование @saem.za.obrazovanie штандот на БАС го посети министерката за образование, проф. д-р Весна Јаневска. Таа се запозна со наставните програми и постигнувањата на студентите, при што беше истакната важноста од континуирана поддршка и развој на квалитетно образование. Посетата претставува значајна поддршка и поттик за понатамошна успешна работа на БАС. Ве очекуваме! Линк до видеото https://www.facebook.com/share/r/1GFdYsmb6z/

БАС на Саемот за образование

Во тек е Саемот за образование , а нашите студенти денес во Сити Мол активно комуницираат со учениците и споделуваат информации за студиските програми и можностите што ги нудиме Во духот на образованието – млади со млади за иднината, а утре повторно сме тука да ве пречекаме!

ГЕНЕРАЦИЈА Z И НОВИТЕ ПРАВИЛА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Епизода 3: ДОО Унипрес Нина Биновска, генерален менаџер Линк до видеото https://www.facebook.com/share/r/1Avjh6Yw8E/ Погледнете ја целата епизода во која разговараме за исклучително важни теми поврзани со клучните вештини што младите треба да ги поседуваат денес – нивниот темперамент, став, знаење и желба за учење. Голема благодарност до @nina.b.55 Нина Биновска за споделените искуства и препораки, кои се резултат на нејзината експертиза и долгогодишна посветеност на професионалниот раст и развој. Им благодариме и на нашите партнерски организации за довербата и споделеното знаење.

Webiart и Валерија Дамчевска пред студентите на БАС

Денес во просториите на БАС во Битола се одржа инспиративно предавање од областа на маркетингот. Студентите од прва година имаа привилегија да слушнат како маркетингот функционира во реалниот свет – од градење личен бренд до креативни стратегии што оставаат впечаток, директно од професионалците на Webiart и нашата менторка Валерија Дамчевска. Знаење што се доживува, не само што се чита.

Градиме свесни генерации: Потпишан меморандум за соработка помеѓу БАС и ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола

Директорката на Бизнис академија Смилевски БАС, проф. д-р Гордана Тасевска и директорката на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола, Жанета Тошевска, потпишаа Меморандум за соработка за реализација на заеднички проектни активности од областа на општествено-хуманитарната работа и волонтерски настани. Преку ова партнерство, учениците ќе имаат можност активно да се вклучат во хуманитарни иницијативи, да развијат свест, емпатија и чувство за општествена одговорност. Ваквите активности им овозможуваат директно да се соочат со реални предизвици, да ги разберат различните перспективи и да придонесуваат во проекти што произлегуваат од потребите на заедницата. Општествено-хуманитарната работа претставува и значајна платформа за личен развој – поттикнува критичко размислување, солидарност и подготвеност за конкретна акција. Со оваа соработка, заеднички создаваме млади кои се информирани и активни граѓани кои оставаат позитивен белег во општеството.

ГЕНЕРАЦИЈА Z И НОВИТЕ ПРАВИЛА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Епизода 2: Sara fashion Марија Ковачи, менаџер за човечки ресурси Marija Kovaci @marijakovaci вели: “Лојалноста е параметар кој не излегува од мода” Горди сме на нашите алумни. Погледнете го целото видео https://www.facebook.com/share/r/1BrMts6SPP/ Разговаравме на исклучително важни теми кои се поврзани со клучните вештини кои треба да ги поседуваат младите денес, улогата на нефинансиските бенефити и колку истите може да конпензираат пониска плата и како да се биде конкурентен на пазарот на труд. Благодарност до Марија Ковачи за споделените искуства и препораки кои се резултат на нејзината експертиза и долгогодишно вложување во професионалниот раст и развој. Благодарност до нашите партнерски организации за довербата и споделените знаења и искуства. Следете нè – секоја недела нова епизода и нова перспектива!

Во БАС студентите секогаш ни се на прво место

Веруваме во нивниот потенцијал. Ги слушаме нивните идеи, ги поддржуваме нивните амбиции и ги охрабруваме да веруваат повеќе во себе. Тука си дел од приказна што ја градиме заедно. Направи го вистинскиот чекор – избери БАС! #мојатаБАСприказна линк до видеото https://www.facebook.com/share/r/17ZzYBoQpB/ @antonija_kocoska

ГЕНЕРАЦИЈА Z И НОВИТЕ ПРАВИЛА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Линк до видеото https://www.facebook.com/share/r/1G3Le6L1QU/ Бизнис академија Смилевски, во соработка со дел од своите партнерски организации, започнува серијал разговори посветени на влијанието на Генерација Z врз современото работно опкружување. Преку интервјуа со менаџери од компании од различни индустрии, ги анализираме конкретните промени што ги носи новата генерација: очекувањето за флексибилно работно време и remote модел
 потребата од брз професионален развој и јасна кариерна патека
 улогата на корпоративната култура 
 дигиталната писменост како стандард, а не предност
 новиот пристап кон лојалноста, авторитетот и work-life balance Овој серијал ја нагласува силната поврзаност меѓу БАС и бизнис заедницата затоа што иднината на пазарот на труд се гради преку отворен дијалог и реални искуства. Епизода 1: Webiart @webiart.digital Валерија Дамчевска, раководител на маркетинг @damchevska 
 Благодарност до нашите партнерски организации за довербата и споделените знаења и искуства. Следете нè – секоја недела нова епизода и нова перспектива!

Day
Hr
Min
Sec

Пријави се пред истекот на времето и очекувај ги натамошните инструкции на твојот емаил!

Еве, веднаш ќе се пријавам!
Не благодарам, не ми треба стипендија X