Натпревар за стипендии во БАС!

Отворен е натпреварот за стипендии во БАС! Ова е шанса што не се пропушта за сите кои сакаат да инвестираат во своето образование и иднина. Аплицирај сега! Местата се ограничени. Линкот за пријава е во био. https://www.facebook.com/reel/1254458490157273

Караванот на БАС низ нашите средни училишта продолжува!

Овојпат ги посетивме следниве училишта: Гимназија СОУ Мирче Ацев, СОУ Кузман Јосифовски Питу, СОУ Ристе Ристески Ричко, СОУ Орде Чопела и СОУ Ѓорче Петров, каде што нашиот тим имаше одлична средба со матурантите. Им ги претставивме студиските програми на БАС, можностите за студирање, практичната настава и сите бенефити што ги очекуваат како идни студенти. Разговори, прашања, идеи и многу позитивна енергија – караванот продолжува да ги носи новите можности поблиску до идните студенти!

Тимот на БАС во посета на училиштето СУГС Владо Тасевски

Продолжуваме посветено кон мисијата да ги доближиме можностите за студирање до младите. Тимот на БАС го посети училиштето СУГС Владо Тасевски каде ги претстави студиските програми, можностите за развој и идните кариерни патишта пред матурантите.

БАС караван за посета на средните училишта низ Македонија

Продолжуваме со енергија и ентузијазам во нашата мисија – да ги доближиме можностите за студирање до младите. Тимот на БАС го посети СОУ „Таки Даскало“ – Битола, каде со матурантите разговаравме за студиските програми, можностите за личен и професионален развој и чекорите кон успешна кариера. Инспиративни средби, нови идеи и мотивирани млади луѓе – иднината започнува токму тука!

БАС ви посакува Среќен 8ми Март!

Сила. Храброст. Визија. Линк до видеото https://www.facebook.com/share/v/1Cm4CMHYqb/ Жените не се само дел од приказната – тие ја движат напред. Денес, на 8 Март, Бизнис академија Смилевски им оддава почит на сите жени кои секојдневно рушат бариери, создаваат можности и инспирираат со својата посветеност. Особено сме горди на жените од нашиот тим – силни, паметни и амбициозни личности кои се срцето и енергијата на БАС. Вашата работа, страст и упорност се доказ дека вистинската сила е во знаењето, храброста и желбата да се направи промена. Среќен 8 Март на сите неверојатни жени. Продолжете да блескате.

Бизнис академија Смилевски во посета на НУУБ „Св. Климент Охридски“

Бизнис академија Смилевски упатува искрена благодарност до НУУБ Св. Климент Охридски за топлото гостопримство, отвореноста и подготвеноста за соработка. Особена благодарност упатуваме до Фатма Бајрам Аземовска за нејзината посветеност, професионалниот пристап и за сите споделени информации и можности. Ваквиот пристап и поддршка претставуваат значаен придонес во унапредувањето на практичното знаење и искуството на студентите, како и во градењето успешна и квалитетна соработка помеѓу институциите.

БАС во посета на СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“

Продолжуваме со караванот на посета по училишта. Вчера го посетивме СЕПУГС Васил Антевски Дрен. Благодариме на гостопримството и интересот на учениците. Имавме одлична можност да разговараме со младите, да ги слушнеме нивните идеи, прашања и размислувања. Токму ваквите средби ни даваат мотивација да продолжиме уште поенергично и поблиску до учениците и нивните потреби. Се гледаме и во следното училиште!

Ново партнерство, нови можности: Добредојде Инвентив!

Уште една партнерска организација се приклучува на нашата листа – маркетинг агенцијата Инвентив @inventive_mk Се радуваме на секоја нова соработка и особено сме горди што нашите студенти добиваат можност да учат од најдобрите професионалци во индустријата. Веруваме дека ова партнерство ќе донесе нови знаења, практични искуства и уште поголема инспирација за нивниот кариерен развој.

САЕМ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

Еве како си поминавме на саемот за образование и кариера кој и оваа година го организираа @studentarijamk во @skopjecitymall. Како дел од саемот, имавме можност да се запознаеме со многу матуранти, да одговориме на нивните прашања и да ги презентиравме нашите студиски програми. Разговорите беа искрени и динамични, а интересот и љубопитноста на младите ни дадоа дополнителна мотивација. #saemzaobrazovanie Линк до видеото https://www.facebook.com/share/r/1K4b9A5VS9/

Day
Hr
Min
Sec

Пријави се пред истекот на времето и очекувај ги натамошните инструкции на твојот емаил!

Еве, веднаш ќе се пријавам!
Не благодарам, не ми треба стипендија X