Бизнис академија Смилевски упатува искрена благодарност до НУУБ Св. Климент Охридски за топлото гостопримство, отвореноста и подготвеноста за соработка. Особена благодарност упатуваме до Фатма Бајрам Аземовска за нејзината посветеност, професионалниот пристап и за сите споделени информации и можности.
Ваквиот пристап и поддршка претставуваат значаен придонес во унапредувањето на практичното знаење и искуството на студентите, како и во градењето успешна и квалитетна соработка помеѓу институциите.







