Меѓународно признание за професорката на БАС, д-р Сузана Пецаковска – добитничка на стипендијата Western Balkans–Visegrad Fellowship

Со особено задоволство ја споделуваме можноста што ја доби нашата професорка д-р Сузана Пецаковска која е добитник на стипендијата Western Balkans–Visegrad Fellowship поддржана од Фондот за Западен Балкан и Меѓународниот Вишеградски фонд.

Во текот на двонеделниот студиски и истражувачки престој, таа ќе престојува на Универзитетот Корвинус во Будимпешта, каде што ќе соработува со Центарот за меѓународни студии во високото образование и Институтот за стратегија и менаџмент.

Престојот претставува можност за размена на знаења и искуства со унгарски академски колеги, проширување на професионалната мрежа и понатамошен развој на истражувањето во областа на интернационализацијата на високото образование во Западен Балкан.

БАС ја поддржува меѓународната академска соработка и професионалниот развој на својот кадар, препознавајќи ја нивната важност за унапредување на квалитетот во високото образование и создавање нови можности за институционално поврзување.

🎓 Честитки за ова значајно признание и успешен престој на Универзитетот Корвинус во Будимпешта!

Day
Hr
Min
Sec

Пријави се пред истекот на времето и очекувај ги натамошните инструкции на твојот емаил!

Еве, веднаш ќе се пријавам!
Не благодарам, не ми треба стипендија X