Образование по ваша мерка

Образование по мерка на студентите — со практично знаење, современ пристап и професори кои секогаш се достапни за поддршка, насока и мотивација Линк до видеото тука https://www.facebook.com/share/r/1Dp4ng31Do/ Место каде што не се добива само сувопарно теоретско знаење, туку искуство, самодоверба и вештини применливи во реалниот свет Разгледајте ја веб-страницата и дознајте повеќе за можностите кои ве очекуваат: www.bas.edu.mk
Крводарителска акција на БАС

Како општествено одговорна високообразовна установа, БАС Битола ве поканува да бидете дел од крводарителската акција која ќе се одржи на 26 Мај, во периодот од 10:00 до 13:00 часот, во просториите на БАС Битола. Понекогаш се доволни само неколку минути за да направиме огромна разлика во нечиј живот. Дарувањето крв не е само хуман гест — тоа е порака дека сме тука едни за други, дека знаеме да помогнеме тогаш кога е најпотребно. Да покажеме дека младите, академската заедница и сите хумани луѓе знаат што значи солидарност, емпатија и вистинска грижа за заедницата. Биди нечија надеж. Дарувај крв.
БАС со младите спортисти

На училишниот турнир одржан на 14.05.2026 година, свој настап имаше и одбојкарскиот клуб „Пулевски Волеј“! Со тимски дух, енергија и спортска посветеност, младите одбојкари покажаа дека спортот е вистинска школа за дисциплина, пријателство и успех. Бизнис Академија Смилевски – БАС верува во младите спортисти и со гордост ги поддржува нивните таленти, амбиции и спортски развој. Продолжете храбро кон нови победи!
Твојата иднина започнува денес!

Избери студии што ќе ти дадат знаење, пракса, искуство и можности за вистинска кариера Биди дел од БАС и студирај во модерна, динамична и инспиративна средина каде студентите се секогаш на прво место Маркетинг, менаџмент, бизнис, комуникации и многу повеќе — претвори ја својата креативност и амбиција во успех! Практична настава Искусни професори Реални проекти и пракса Можности за личен и професионален развој Запиши се на БАС и инвестирај во себе!
Запознај го тимот на БАС!

Продолжуваме со Виш пред. м-р Билјана Галовска – личност која има планинарска упорност, брза во чекор и гласна во став. Погледни го видеото https://www.facebook.com/share/r/1Dof3kU7bT/
Среќен 1 Мај – Ден на трудот!
Нека трудот, посветеноста и успехот бидат ваша секојдневна инспирација. Ви посакуваме добро здравје, професионални достигнувања и многу лична среќа.
Запознај го тимот на БАС!

Почнуваме со нашата проф. д-р Лидија Стефановска – инспирација, знаење и посветеност. Погледни го видеото https://www.facebook.com/share/r/1ETT61c8BX/
Oтворен ден и патрон празник на АСУЦ „Боро Петрушевски“ – Скопје

На 22.04.2026, бевме дел од отворениот ден и патрониот празник на АСУЦ „Боро Петрушевски“ – Скопје. Како дел од БАС, имавме можност одблиску да ги видиме образовните насоки, ученичките проекти и практичните активности што го градат новиот кадар. Во присуство на институции, бизнис сектор и партнери, се отвори простор за нови идеи, соработки и заеднички чекори напред. Ваквите настани не се само презентација — туку вистинска врска помеѓу образованието и реалниот свет.
Уписите се во тек!

Време е за вистински избор. Направи го вистинскиот потег. ДДС програмите се креирани за реалниот свет — вештини што се бараат, искуство што се памети. Вклучи се таму каде што иднината веќе се гради.
Јакнење на академската соработка: Бизнис Академија Смилевски со предавања во Vukovar преку Erasmus+

Во рамките на програмата Erasmus+ беше реализирана еднонеделна посета на University of Applied Sciences Lavoslav Ružička in Vukovar, како дел од активностите за унапредување на академската соработка. Проф. д-р Гордана Тасевска и проф. д-р Лидија Стефановска реализираа предавања во делот на индивидуални мобилности за студентите на Велеучилиштето, а проф. д-р Маја Кузмановска одржа предавање во рамките на програмата BIP: Smart University, Smart Campus III. Оваа посета претставуваше одлична можност за размена на искуства, знаења и добри практики меѓу институциите, со цел понатамошно продлабочување на меѓународната соработка и развој на квалитетот во високото образование.