Студирање на далечина

Студиите на далечина во БАС се наменети за сите оние кои од оправдани причини не можат редовно да следат настава. Наменети се за лица кои: работат во смени; често патуваат, работат во странство или пак имаат одредени здравствени проблеми кои ги спречуваат во редовното следење на настава.

Студентите на далечина имаат статус на вонредни студенти кои треба да ја докажат својата спреченост поради некоја од горенаведените причини со соодветен документ.

Во однос на наставата, студентите ги добиваат сите наставни материјали за конкретниот предмет, самостојно се подготвуваат за испитот и штом бидат подготвени преминуваат кон полагање на испитот. По потреба, се закажува и онлајн консултативна средба со соодветниот професор.

За целиот процес да тече без проблеми се грижи Координатор за студенти на далечина.

Проф. д-р Цветко Смилевски


Ко-основач на БАС

Студиската програма по Бизнис менаџмент ја отсликува модерната потреба од професионални, високо стручни и посветени менаџерски кадар. Академската заедница на БАС долги години работи на полето на остручување и обезбедување на менаџерски кадар за потребите на македонските организации.