ПОВЕЌЕ ОД 100 ДЕНА ПРАКСА ЗА ВРЕМЕ НА СТУДИИТЕ!

Менаџментот е занает како и секој друг и истиот се учи најдобро преку пракса. Студиската програма е така конципирана да во текот на целото студирање нашите студенти реализираат практична настава. Генерално, студентите се ангажирани на преку една од трите форми на учење: набљудување, помагање во работата, самостојна работа. Природно, на почеток на студиите вклученоста е повеќе преку набљудување и помагање, а како студентите се ближат кон крајот, фокусот на практичната настава е на самостојната работа.

СТУДЕНТСКА ПРАКСА И ЦЕНТАР ЗА КАРИЕРА

Практичната настава се реaлизира во партнерски организации (ПО) со кои имаме потпишано спогодби за соработка. Во ПО имаме обезбедено ментори кои се грижат за целокупната пракса така што ја организираат праксата на студентите низ ПО и го следат нивниот напредок.

Од страна на БАС за целокупниот процес е задолжен Координатор за ТСП чија задача е да наоѓа нови партнерски организации, да ја организира целокупната пракса на студентите и да го следи нивниот напредок.

Во БАС, единствена обврска која ја има студентот во однос на практичната настава е да биде редовен на средбите и да ги завшрува обврските кои му се дадени од страна на менторот.

Центарот за кариера е уште еден оддел во БАС кој го создадовме спрема потребите на студентите. Центарот работи според утврдена годишна програма, а целта е да студентите да им обезбедиме дополнително знаење, информации и контакти кои не се опфатени преку наставата или праксата. Најчести активности кои ги имаме во центарот за кариера се: обуки на специфични теми поврзани со професионалниот и личен развој на студентите; предавања од истакнати експерти-менаџери; дебати на релевантни теми и сл. Центарот за кариера е раководен од Координаторот за ТСП.

Листа на партнерски организации на БАС:

Организации во кои се изведува студентската пракса

Скопје

  1. Сигма СБ
  2. Аквабар
  3. Горска вода
  4. Еуроимпекс
  5. Колекта НП
  6. НЛБ банка а.д.
  7. Макомаркет
  8. Раде Кончар-ТЕП
  9. СМЕЛТинг инжинеринг
  10. Шпаркасе банка а.д.
  11. Сара фешн
  12. Вабтек МЗТ
  13. Аитоникс
  14. Карго партнер логистикс
  15. Виднет солушнс
  16. Спортлајф обложувалници
  17. Термосистем
  18. Кроациа осигурување живот
  19. Капитал финансиски центар
  20. Пазл конекшн
  21. ВИТА НОВА ДОО
  22. ОНЕ БРОКЕР
  23. Унипрес
  24. Консалтинг Интер Груп

Велес

  1. Маркард
  2. Јоопоне
  3. Елмонт

Битола

  1. Фустеларко борец
  2. Евро стил
  3. Синпекс
  4. Хемометал
  5. Боди-М
  6. Дани консалтинг
  7. Алгоритам
  8. Регионална стопанска комора – Битола
  9. Тера телевизија
  10. Webiart
  11. Nova solutions
  12. Здружение за млади – младите за промена
  13. Асоцијација за уметност- Алексовски
  14. Авто комплекс Пржo
  15. Здружение за развој на ромската заедница „Сумнал“
  16. Конзул Травел Битола

Прилеп

  1. Зоди интернационал
  2. Унимарбле
  3. Макком
  4. Теа Андреа
  5. Футура
  6. Де-Ни мебел
  7. Регионална стопанска комора – Прилеп

Ресен

  1. Агроплод swisslion

 

Партнери и пријатели на БАС

Скопје

  1. Codecordia
  2. Foxit DOO

Куманово

  1. Бучен Козјак ДОО

Битола

  1. Кромберг и Шуберт
  2. Вемилк Битола
  3. ЗК Пелагонија Битола
  4. Ангромаркетинг

Прилеп

  1. Кривогаштани промет
  2. Ламинати
  3. Бимфоод
  4. Комфи Ангел

Ресен

  1. РЕС-КОМ

Имате компанија, сакате практиканти?

Во текот на додипломските студии, нашите студенти посетуваат структурирана пракса во партнерските организации. Оваа пракса се изведува низ целата академска година по еден ден неделно, а дополнително во летниот период, се изведува пракса со времетраење од минимум 15 работни дена.