Центарот за кариера е уште еден оддел во БАС кој го создадовме спрема потребите на студентите. Центарот работи според утврдена годишна програма, а целта е да студентите да им обезбедиме дополнително знаење, информации и контакти кои не се опфатени преку наставата или праксата. Најчести активности кои ги имаме во центарот за кариера се: обуки на специфични теми поврзани со професионалниот и личен развој на студентите; предавања од истакнати експерти-менаџери; дебати на релевантни теми и сл. Центарот за кариера е раководен од Координаторот за ТСП
БАС АЛУМНИ
Алумни заедницата на БАС претставува значаен дел од нашиот институционален идентитет. Гордо се претставуваме со силна и поврзана алумни мрежа, составена од дипломирани студенти кои успешно се интегрирани во деловниот сектор и заземаат одговорни позиции во различни организации. Нашите дипломци се резултат на образовен пристап насочен кон практична примена на знаењето, развој на менаџерски и стратешки компетенции и подготвеност за реалните предизвици на пазарот на труд. Успешниот кадар што го создаваме претставува потврда за квалитетот на нашите студиски програми и за континуираниот придонес на БАС во развојот на современата бизнис заедница.