ИПА програма за прекугранична соработка Грција – Р.С. Македонија 2014 – 2020 г.
Проект: „Стимулирање на зелени вработувања: прекугранични образовни и технолошки иновации“ (Г.ЕМ.С) “
Времетраење на проектот: 06.09.2022 година до 15.12.2023 година
Проектот е финансиран од страна на ЕУ ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка Република Грција – Република Северна Македонија 2014 – 2020 г. и во него како концорзиум на партнери се следните организации:
ГЕМС Конзорциум |
Земја |
Универзитет на Западна Македонија – Центар за истражување University of Western Macedonia (UOWM) – Research Committee |
Грција |
Центар за истражување и технологија Хелас Centre for Research & Technology Hellas (CERTH) |
Грција |
Институт за хемиски процеси и енергетски ресурси Chemical Process & Energy Resources Institute (CPERI) |
Грција |
Бизнис Академија Смилевски – БАС Скопје (БАС) Business Academy Smilevski – BAS Skopje (BAS) |
РСМ |
Регионална Стопанска Комора Битола (РСКБ) Regional Chamber Bitola (RCB) |
РСМ |
Проектот: „Стимулирање на зелени вработувања: прекугранични образовни и технолошки иновации“ (Г.ЕМ.С)“ има за цел да им помогне на регионите од двете земји, да се придвижат – од сегашниот низок економски „кафеав“ пристап (со низок квалитет на работните места, ниско ниво на заштита на животната средина, несоодветни ниски вештини), кон „високо“ одржлива зелена економија (соодветни вештини на високо ниво, висока продуктивност, високо ниво на заштита на животната средина). Со користење на иновативни образовни и тренинг методи, проектот ќе се темели врз тематско и процедурално знаење, со цел да се подобри односот на локалното население кон природата, да се запознаат и приближат целите на одржливиот развој дефинирани од Обединетите нации во 2015 година (со користење на локалната димензија и локалните изрази) и да се развие човечкиот капитал во прекуграничниот регион за најсовремени енергетски решенија.
Кај истражувачите, постои голем предизвик за тоа како да се задоволат потребите на локалното население. Со холистички пристап, партнерите на ГЕМС, ќе го обединат своето комплементарно знаење во сериозно обмислен, добро организиран и захтевен проект.
- Партнер 1 – Универзитетот на Западна Македонија ќе делува како водечки партнер. Се состои од седум факултети и 23 катедри, лоцирани во петте главни градови во регионот на Западна Македонија (Грција). Универзитетот е ориентиран кон меѓународни истражувања со високо квалификуван академски кадар, извонредни меѓународни врски и огромно искуство во управување со проекти (меѓународни, национални и европски).
- Партнер 2 – Центарот за истражување и технологија Хелас и во негови рамки Институтот за хемиски процеси и енергетски ресурси е еден од водечките истражувачки центри во Грција. Се наоѓа меѓу ТОП-20 истражувачки институции на ЕУ со највисоко учество во конкурентни истражувачки грантови.
- Партнер 3 – Бизнис Академија Смилевски – БАС (БАС) е високообразовна институција со акредитирана програма за професионални студии по бизнис, маркетинг и стратегиски менаџмент. БАС има реализирано голем број проекти, финансирани од УСАИД – за јакнење на организациски капацитети) и проекти финансирани од Светска банка – за развој на надлежностите на наставниците и учениците/студентите во средните стручни училишта со цел поефикасно вработување во бизнис секторот во периодот од 2009 до 2022 година.
- Партнер 4 – Регионалната стопанска комора на Битола (РСКБ) е дел од Стопанската комора на Р.С.М, и е најголемото и најстарото здружение на компании во земјата. Со експертите од фирмите-членки и во соработка со академските институции, досега реализираше голем број апликативни проекти за подобрување на работата на фирмите членки.
Европската унија има за цел, до 2030 година да достигне 32% од потрошувачката на енергија да биде од обновливи извори на енергија[1]. Таква енергетска транзиција е предизвик кој бара реална енергетска политика и соодветни инвестициски алатки, особено ако треба да се исполни и двојната цел за одржливо и инклузивно вработување.
Транзицијата кон нов национален енергетски модел и импликациите што таа ќе ги има врз економијата (која се заснова на лигнит) на Регионот на Западна Македонија во Грција (и донекаде, регионалната единица Лерин), со години наназад се познати и очекувани. Како што е добро познато, уште од 1960 година, овој Регион обезбедува електрична енергија главно произведена од локално ископаниот лигнит, неколку децении делувајќи како енергетски столб на грчкиот економски раст. Сепак, оваа еднодимензионалност на економскиот модел, го прави Регионот на Западна Македонија крајно ранлив на секое опаѓање во секторот за електрична енергија базиран исклучиво на лигнит. Неодамна објавената Национална стратегија за мерки за адаптација кон климатските промени (2019), цврсто го постави Регионот на пост-лигнитна патека.
Системот за производство на електрична енергија во Р.Северна Македонија е многу сличен на оној во Регионот на Западна Македонија во Грција, бидејќи термоелектраните на лигнит произведуваат 70% од електричната енергија во земјата. Бидејќи Република Северна Македонија од 2009 година е во процес на пристапни преговори за да стане членка на ЕУ, потребата да се придвижи кон зелениот енергетски систем ќе стане многу итна во блиска иднина.
Транзицијата – од производство на електирна енерија со високо ниво на јаглерод, кон ниско јаглеродно производство – и за двете земји ќе донесе трајни структурни промени – и во рамки на занимањата, и во рамки на профилите на работните места. Исто така, транзицијата ќе има и длабоки импликации врз животниот циклус на вештините, како и врз потребите за обука на идните вработени. Популаризацијата на “озеленување” на вработувањата и стратегиите за вештини, бара силни партнерства помеѓу јавните, приватните и непрофитните организации, за да се максимизираат иновациите и да се овозможи непречено управување со промените на пазарот на трудот – од “кафеава” кон зелена енергија и зелено вработување. Воедно, потребни се и национални политички рамки кои ќе бидат соодветни за постигнување на вистински резултати на терен. Во овој контекст, треба да се посвети внимание на програмите за образование и обука, што ќе им овозможат на образованите дипломци и на идните работодавачи, да го развијат потребниот начин на размислување, како и потребните вештини за премин кон зелен економски модел, со цел да се решат предизвиците поврзани со промената – и на моделите на вработувањето, и на моделите на развивање на зелените вештини – и двете потребни за транзиција на регионите во 21 век.
Прекуграничната област е зафатена од невработеност, и длабока и долгорочна економска криза. Освен тоа, иако продуцира образовани научници, отсуството на можности за работа и кариера, ги принудува да мигрираат подалеку од регионот. Холистичкиот пристап на ГЕМС кон четирите основни столба Образование-Креативност-Акција-Одржливост, значи дека проектот ќе има големо социо-економско влијание во прекуграничната област, бидејќи освен неговата “еколошка” предност во обуката на човечките ресурси, неговата стратешка цел ќе даде значаен придонес за економски развој. Имено, повеќе од 100 учесници од двете земји ќе бидат обучени за најсовремени (врвни) технологии, обезбедувајќи ги со потребните „зелени“ вештини и иновативна визија. Така, давајќи им го потребното знаење на дипломираните студенти, ГЕМС ќе ги претвори во конкурентни кандидати на пазарот на труд, а воедно ќе ги поттикне да размислуваат околу можностите за самовработување. Постои голема потреба, а исто така е и голем предизвик, да се оптимизираат вештините на дипломираните студенти на ниво на кое подготвено ќе можат да влијаат врз креаторите на политиките за клучните прашања на одржливоста и предностите на циркуларната економија. Развојот на технолошки и иновативни центри е од примарна важност бидејќи ќе придонесе за отворање на нови работни места (преку обезбедување на индиректна финансиска поддршка за најмалку 15 поединци, за нивниот старт-ап иновативен бизнис), на тој начин запирајќи го мигрирањето.
Се очекува овој проект, во прекуграничниот регион, да едуцира, обучи и развие човечки капитал за одржлив развој. За да се постигне ова, ГЕМС се состои од пет работни пакети (WPs); секој од нив вклучува по неколку активности.
- WP1-WP2 се фокусирани на успешното управување со проектот и на широка дисеминација на неговите резултати, а WP 3-5 ги содржат главните активности преку кои ќе се имплементираат целите на ГЕМС.
- WP3 („Обезбедување на алатки“) ќе ги подобри можностите за вработување на најмалку 100 образовани дипломци, обучувајќи ги за најсовремени зелени технологии. Ќе се користат комбинирани, иновативни образовни пристапи и методи на работа, како што се работилници, фокус групи, техника на “world café”, “fishbowl” дискусии и “jigsaw” групна работа – за да се поттикнат учесниците критички да размислуваат и да дојдат до креативни решенија на вистинските проблеми. Уште повеќе, сите учесници ќе бидат обучени за користење на едукативни софтверски алатки со цел да се комбинираат теоријата и симулациската работа.
- WP4 („Остварување на иднина на зелена економија“) ќе ги снабди учесниците со соодветни алатки за да спроведат целосна евалуација на технологиите што се проучуваат во WP3. Поконкретно, учесниците ќе ги истражуваат успешните студии на случај за циркуларна економија, обезбедувајќо инпути за проценка на животниот циклус „од лулка до лулка“ и ќе ги идентификуваат технолошките иновации, земајќи ги предвид социо-економските фактори. Компаративната, длабинска студија ќе даде увид за „која технологија, во која област, за каква цел“ претставува најефикасен и одржлив процес за прекуграничниот регион, и носи вистински решенија. SWOT анализата, покрај PEST и PESTLE анализите, ќе бидат клучни алатки кои ќе им помогнат на учесниците да развијат целосна свест за сите фактори кои влијаат врз донесување на деловна одлука. Со споделување на знаењето, и со овозможување на точно и длабоко интуитивно разбирање на најсовремените техники, слушателите ќе можат да ги идентификуваат не само слабостите и заканите на акциониот план, туку и јаките страни и можностите што тој ги прави можни. Сите овие анализи ќе постават основи за развој на иновативни старт-ап.
- WP5 („Создавање зелено вработување“) во двата региони-учесници, ќе создаде иновациски и технолошки средишта, поврзани со концептите на зелена енергија и циркуларна економија. Овие средишта ќе служат и како работни прототипови, демонстрирајќи ја изводливоста на проучуваните зелени технологии. Покрај тоа, на најмалку 15 високообразовани дипломци ќе им се обезбеди канцелариски простор за да започнат сопствен бизнис, прескокнувајќи го јазот помеѓу теоријата и практиката. Во Грција, во кампусот на УОВМ во Лерин, ќе се создаде бизнис инкубатор, способен да опслужува до десет новосоздадени високо-иновативни фирми. Инкубаторот ќе биде отворен и за учесниците, како и за други апликанти. Единствена одговорност за прифаќање на апликациите за влез ќе има Групата за управување со проектот (PSG[2]). Прифатените бизниси ќе добијат до 20м2 деловен простор без надомест, како и комуналии (струја, вода, интернет) кои ќе бидат бесплатни за период до три години. Во Република Северна Македонија, БАС ќе обезбеди консултантска услуга и обука за поддршка (по потреба) во бизнис инкубаторот сместен во опремена просторија од 34 м2. Според методот на огледало, решенијата развиени во Грција ќе се рефлектираат во одреден опсег и форма во Р.С.Македонија, и обратно.
Покрај тоа, создавањето на бизнис центар (БАС и РСКБ) кој ќе делува како средство за придвижување на прекуграничниот регион кон економија со ниска потрошувачка на јаглерод, ќе ги подобри и можностите за вработување. Во капацитетите во двата региони, ќе се креира информативен центар, за да се подобрат способностите на вмрежување и поврзаност помеѓу партнерите во конзорциумот. Со цел да се совпаднат потребите на потенцијалните работодавачи со учесниците (студентите), ќе се креира база на податоци за потенцијалните работодавачи во прекуграничните региони, преку мапирање на активните економски субјекти, и со цел социјалните и комерцијалните партнери да се приклучат и да го почнат процесот на прилагодување од класичен во зелен систем за производство на енергија. Ќе се организира и бизнис форум, со цел размена на искуства и развој на нивните капацитети за постлигнитниот период. Дополнително, ЦЕРТХ ќе создаде платформа за зелени работни места (канцеларија за врски). Оваа акција ќе биде дополнителен обид за комбинирање, трансформација и рационализација на курсевите за обука за кариера на дипломираните студенти и нивно поврзување со пазарот на трудот.
Контакт лице: Проф. д-р Тони Соклевски – проектен менаџер
Ул. „Херцег Нови“ бр. 6 Битола
Телефон: ++ 389 47 225 218 M:++ 389 78 316 130
Е-адреса: sokle2000@yаhoo.com
[1] RES, Renewable Energy Sources.
[2] Project Stearing Group.