Запознавањето со бизнис секторот и вмрежувањето со луѓе од истиот е клучно за идните професионалци. Токму затоа денес студентите од прва година, заедно со координаторот за пракса, ја посетија Стопанската комора – Битола.
Таму имаа можност да се запознаат со нејзината работа, да ги откријат можностите кои ги нуди и да направат први чекори кон градење на својата професионална мрежа.
Ваквите искуства се од исклучителна важност – тие не само што ги инспирираат студентите, туку и ги подготвуваат за иднината која ги очекува.


