Директорката на Бизнис академија Смилевски БАС, проф. д-р Гордана Тасевска и директорката на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола, Жанета Тошевска, потпишаа Меморандум за соработка за реализација на заеднички проектни активности од областа на општествено-хуманитарната работа и волонтерски настани.
Преку ова партнерство, учениците ќе имаат можност активно да се вклучат во хуманитарни иницијативи, да развијат свест, емпатија и чувство за општествена одговорност. Ваквите активности им овозможуваат директно да се соочат со реални предизвици, да ги разберат различните перспективи и да придонесуваат во проекти што произлегуваат од потребите на заедницата.
Општествено-хуманитарната работа претставува и значајна платформа за личен развој – поттикнува критичко размислување, солидарност и подготвеност за конкретна акција.
Со оваа соработка, заеднички создаваме млади кои се информирани и активни граѓани кои оставаат позитивен белег во општеството.


