Aqua Bar – Аква Бар

Компанијата АКВА БАР, со седиште на Ул. Благоја Стефковски бр. 40 Скопје, е формирана во 2006 година. АКВА БАР е застапник и ексклузивен дистрибутер за Македонија на диспанзери за вода и галони за вода(19 литри), која е и нејзина главна дејност. АКВА БАР е успешна компанија во Македонија водена од едуциран и инвентивен кадар со јасна визија за иднината. Успешноста на нашата компанија се должи на активен мониторинг, следење на нови маркетинг трендови, нови технолошки решенија, иновација и постојана едукација на вработените. Главна дејност на компанијата АКВА БАР е дистрибуција на вода, професионален сервис на диспанзери за вода и разладни ветрини. АКВА БАР како општествено одговорна компанија инвестира во високи технологии и рециклажен центар за вакумирање, прочистување на отпаден фреон од разладни ветрини. Види продукти