Благодарница за неизмерна доверба и долгогодишна поддршка на настанот „Жени претприемачи“

Проф. д-р Гордана Тасевска, директор на Бизнис академија Смилевски, во име на институцијата прими благодарница за несебичната и континуирана поддршка што БАС со години ја дава на настанот „Жени претприемачи“, кој оваа година се одржа по 8-ми пат Неизмерно сме благодарни за можноста да бидеме дел и да придонесеме кон вакви исклучително значајни иницијативи кои имаат силен импакт врз општеството, а особено врз жените и нивното претприемачко охрабрување Настанот секогаш изобилува со инспиративни говорници, моќни приказни и автентични искуства кои го будат и зајакнуваат претприемачкиот дух кај секој присутен. Голема благодарност до организаторите KASIA EVENTS – Катерина Котлареска и Борис Ефтимовски за укажаната доверба и беспрекорната организација. Во продолжение споделуваме дел од атмосферата, дополнително збогатена со присуството на нашите студенти, кои со својата енергија, љубопитност и млад дух дадоа посебна вредност на настанот

Промовиран уште еден доктор на науки на Бизнис академија Смилевски БАС д-р Горазд Смилевски

На оваа промоција на највисокиот научен степен се прославува академскиот успех кој е врв на долгогодишна посветеност, истражување и професионален раст. Во видеото ќе слушнете дел од инспиративното обраќање на д-р Смилевски, кој ја споделува својата визија и инспирација за темата на неговиот докторски труд. Честитки докторе! Линк до видеото: https://www.facebook.com/reel/833120572899549

Инспиративно предавање за финансиска писменост на БАС од Славчо Утковски, финансиски советник во WVP Group

Денес на БАС се одржа исклучително инспиративно и динамично предавање од Славчо Утковски, финансиски советник во WVP Group. Студентите имаа можност да ја продлабочат темата Финансиска писменост преку практични примери, корисни насоки и современи пристапи кон личните финансии. Ваков тип на предавања ја збогатуваат академската средина и создаваат реална вредност за идните професионалци. Продолжуваме со активности што мотивираат и поттикнуваат развој

Признание за долгогодишна соработка со БАС Битола по повод 65 години Факултет за Биотехнички науки – Битола

По повод 65 години Факултет за биотехнички науки – Битола, проф. д-р Елена Јошевска додели признание за одличната и долгогодишна соработка со Бизнис академија Смилевски – БАС Битола. Признанието во име на БАС го прими проф. д-р Тони Соклевски, заменик директор, заедно со претставници од академската заедница. Голем јубилеј, силно партнерство и уште многу заеднички проекти пред нас.

Бизнис академија Смилевски – БАС за Денот на жената 8 ми Март

Бизнис академија Смилевски – БАС како општествено одговорна образовна институција и оваа година на припадничките на понежниот пол им го честита 8 ми Март – Денот на жената. Студентите од БАС со големо внимание, посветено и одговорно ја посетија партнерската организација Фустеларко борец од Битола и со многу љубов и цвеќе ги израдуваа сите жени во оваа компанија. Вниманието и љубовта продолжи на Широк Сокак во Битола која беше втората дестинација на студенти од БАСкаде подарија цвеќе и им посакаа искрени желби за многу здравје, успех, љубов и радост. Студентите на БАС градат и создаваат вистински вредности и ги негуваат вниманието и поддршката во сите сегменти на денешното општество. 

БАС ги отвори вратите на својата 16та генерација на студенти

Во просториите на БАС во Скопје и Битола, основачите, менаџментот и кадарот им посакаа добредојде на новата генерација на студенти, идни професионални менаџери за маркетинг и бизнис. На официјалната церемонија, односно, првиот академски час, бруцошите беа поздравени од основачите, професорите и соработниците на БАС, каде се потенцираше суштинската визија на наставата тука – поврзувањето на теоријата и праксата. Им посакуваме многу среќа и успех на нашите сегашни студенти, идни професионални менаџери! Погледнете дел од атмосферата на првиот академски час во БАС Скопје и Битола:

Проф. д-р Маја Кузмановска, директорка на БАС гостин говорник на 43тото издание на Бизнис Кафе Македонија

На покана од организаторите на традиционалното Бизнис Кафе Македонија, директорката на БАС како прв гостин го обележа почетокот на 43тото издание на настанот. Проф. Маја зборуваше за својата кариера патека, за високото образование во РСМ и пошироко, за тимската работа и менаџментот како потреба и практика на современите компании.

Проект: „Стимулирање на зелени вработувања: прекугранични образовни и технолошки иновации“ (Г.ЕМ.С) “

ИПА програма за прекугранична соработка  Грција – Р.С. Македонија  2014 – 2020 г. Проект: „Стимулирање на зелени вработувања: прекугранични образовни и технолошки иновации“ (Г.ЕМ.С) “ Времетраење на проектот: 06.09.2022 година до 15.12.2023 година Проектот е финансиран од страна на ЕУ ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка  Република Грција – Република Северна Македонија 2014 – 2020 г. и во него како концорзиум на партнери се следните организации:   ГЕМС Конзорциум Земја Универзитет на Западна Македонија – Центар за истражување University of Western Macedonia (UOWM) – Research Committee Грција Центар за истражување и технологија Хелас Centre for Research & Technology Hellas (CERTH) Грција Институт за хемиски процеси и енергетски ресурси Chemical Process & Energy Resources Institute (CPERI) Грција Бизнис Академија Смилевски – БАС Скопје (БАС) Business Academy Smilevski – BAS Skopje (BAS) РСМ Регионална Стопанска Комора Битола (РСКБ) Regional Chamber Bitola (RCB) РСМ            Проектот: „Стимулирање на зелени вработувања: прекугранични образовни и технолошки иновации“ (Г.ЕМ.С)“ има за цел да им помогне на регионите од двете земји, да се придвижат – од сегашниот низок економски „кафеав“ пристап (со низок квалитет на работните места, ниско ниво на заштита на животната средина, несоодветни ниски вештини), кон „високо“ одржлива зелена економија (соодветни вештини на високо ниво, висока продуктивност, високо ниво на заштита на животната средина). Со користење на иновативни образовни и тренинг методи, проектот ќе се темели врз тематско и процедурално знаење, со цел да се подобри односот на локалното население кон природата, да се запознаат и приближат  целите на одржливиот развој дефинирани од Обединетите нации во 2015 година (со користење на локалната димензија и локалните изрази) и да се развие човечкиот капитал во прекуграничниот регион за најсовремени енергетски решенија.                     Кај истражувачите, постои голем предизвик за тоа како да се задоволат потребите на локалното население. Со холистички пристап, партнерите на ГЕМС, ќе го обединат своето комплементарно знаење во сериозно обмислен, добро организиран и захтевен проект.                     Партнер 1 – Универзитетот на Западна Македонија ќе делува како водечки партнер. Се состои од седум факултети и 23 катедри, лоцирани во петте главни градови во регионот на Западна Македонија (Грција).  Универзитетот е ориентиран кон меѓународни истражувања со високо квалификуван академски кадар, извонредни меѓународни врски и огромно искуство во управување со проекти (меѓународни, национални и европски).                     Партнер 2 – Центарот за истражување и технологија Хелас и во негови рамки Институтот за хемиски процеси и енергетски ресурси е еден од водечките истражувачки центри во Грција. Се наоѓа меѓу ТОП-20 истражувачки институции на ЕУ со највисоко учество во конкурентни истражувачки грантови.                     Партнер 3 – Бизнис Академија Смилевски – БАС (БАС) е високообразовна институција со акредитирана програма за професионални студии по бизнис, маркетинг и стратегиски менаџмент. БАС има реализирано голем број проекти, финансирани од УСАИД – за јакнење на организациски капацитети) и проекти финансирани од Светска банка – за развој на надлежностите на наставниците и учениците/студентите во средните стручни училишта со цел поефикасно вработување во бизнис секторот во периодот од 2009 до 2022 година.                     Партнер 4 – Регионалната стопанска комора на Битола (РСКБ) е дел од Стопанската комора на Р.С.М, и е најголемото и најстарото здружение на компании во земјата. Со експертите од фирмите-членки и во соработка со академските институции, досега реализираше голем број апликативни проекти за подобрување на работата на фирмите членки.                     Европската унија има за цел, до 2030 година да достигне 32% од потрошувачката на енергија да биде од обновливи извори на енергија[1]. Таква енергетска транзиција е предизвик кој бара реална енергетска политика и соодветни инвестициски алатки, особено ако треба да се исполни и двојната цел за одржливо и инклузивно вработување.                     Транзицијата кон нов национален енергетски модел и импликациите што таа ќе ги има врз економијата (која се заснова на лигнит) на Регионот на Западна Македонија во Грција (и донекаде, регионалната единица Лерин), со години наназад се познати и очекувани. Како што е добро познато, уште од 1960 година, овој Регион обезбедува електрична енергија главно произведена од локално ископаниот лигнит, неколку децении делувајќи како енергетски столб на грчкиот економски раст. Сепак, оваа еднодимензионалност на економскиот модел,  го прави Регионот на Западна Македонија крајно ранлив на секое опаѓање во секторот за електрична енергија базиран исклучиво на лигнит. Неодамна објавената Национална стратегија за мерки за адаптација кон климатските промени (2019), цврсто го постави Регионот на пост-лигнитна патека.                     Системот за производство на електрична енергија во Р.Северна Македонија е многу сличен на оној во Регионот на Западна Македонија во Грција, бидејќи термоелектраните на лигнит произведуваат 70% од електричната енергија во земјата. Бидејќи Република Северна Македонија од 2009 година е во процес на пристапни преговори за да стане членка на ЕУ,  потребата да се придвижи кон зелениот енергетски систем ќе стане многу итна во блиска иднина.                     Транзицијата – од производство на електирна енерија со високо ниво на јаглерод, кон ниско јаглеродно производство – и за двете земји ќе донесе трајни структурни промени – и во рамки на занимањата, и во рамки на профилите на работните места. Исто така, транзицијата ќе има и длабоки импликации врз животниот циклус на вештините, како и врз потребите за обука на идните вработени. Популаризацијата на “озеленување” на вработувањата и стратегиите за вештини, бара силни партнерства помеѓу јавните, приватните и непрофитните организации, за да се максимизираат иновациите и да се овозможи непречено управување со промените на пазарот на трудот – од “кафеава” кон зелена енергија и зелено вработување.  Воедно, потребни се и национални политички рамки кои ќе бидат соодветни за постигнување на вистински резултати на терен. Во овој контекст, треба да се посвети внимание на програмите за образование и обука, што ќе им овозможат на образованите дипломци и на идните работодавачи, да го развијат потребниот начин на размислување, како и потребните вештини за премин кон зелен економски модел, со цел да се решат предизвиците поврзани со промената – и на моделите на вработувањето, и на моделите на развивање на зелените вештини – и двете потребни за транзиција на регионите во 21 век.                     Прекуграничната област е зафатена од невработеност, и длабока и долгорочна економска криза. Освен тоа, иако продуцира образовани научници, отсуството на можности за работа и кариера, ги принудува да мигрираат подалеку

Day
Hr
Min
Sec

Sign up before the deadline and wait for further instructions in your email!

Here, I'll sign up right away!
No thanks, I don't need a scholarship X