Бизнис академија Смилевски Бас ја започнува кампањата на уписи со посета на училиштата низ нашата земја. По тој повод вчера го посетивме училиштето СУГС Раде Јовчевски – Корчагин каде учениците имаа можност да слушнат какви студиски програми имаме и кои можности ги нуди БАС на студентите во текот на студирањето.
Во рамките на посетата беше склучен и Меморандум за соработка како дел од Кариерниот центар на училиштето. Нашата институција секогаш е спремна за заедничко учење и соработка.
Со оваа соработка продолжуваме да градиме силна врска помеѓу средното и високото образование, создавајќи нови можности за развој, напредок и успешна иднина на младите.




