На обуката за ментори на Бизнис академија Смилевски – БАС, разменивме искуства и работевме на конкретни задачи за водење, поддршка и оценување на студентите во работна средина.
Во фокусот беше прашањето: Како работните задачи да станат можности за учење, а стекнатото знаење – применлива вештина? Благодарност до менторите и партнерските организации за учеството, отворената дискусија и вложувањето во развојот на нашите студенти.
Заедно градиме посилна врска меѓу образованието и практиката!












