Бизнис академија Смилевски – домаќини на учениците од СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп

Во текот на вчерашниот ден имавме чест да бидеме домаќини на учениците од СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп. 🎓

Посетата беше реализирана како дел од програмата за кариерно советување, во соработка со кариерните советници д-р Мирјана Стојческа Ѓорѓиоска и Билјана Николоска, со цел учениците навремено да се информираат и да донесат правилна одлука за својот понатамошен образовен и професионален пат.

Учениците имаа можност да се запознаат со нашите студиски програми, практичната настава, соработката со партнерските организации и можностите за понатамошен развој. 📚

Веруваме дека оваа средба беше инспиративна и корисна за сите присутни. ✨

Од името на директорката на БАС, проф. д-р Гордана Тасевска, и целиот наставен и административен кадар, упатуваме огромна благодарност до сите ученици, професори и раководството на училиштето за интересот и довербата.

Секогаш сте добредојдени!

Day
Hr
Min
Sec

Sign up before the deadline and wait for further instructions in your email!

Here, I'll sign up right away!
No thanks, I don't need a scholarship X