Денес официјално го зацврстивме партнерството! ![]()
Помеѓу Бизнис академија Смилевски и Ветеринарниот факултет во Битола беше потпишан Меморандум за соработка, инициран преку соработката на двата кариерни центри.
Како одличен старт на оваа приказна, проф. Билјана Галовска одржа инспиративно предавање за студентите од двата факултета на тема: „Од студент до професионалец – коучинг алатки за успешен кариерен развој“.
Оваа соработка не е само формалност – таа отвора нови врати за знаење, развој и реални можности за студентите.





