Во овие светли празнични денови, Бизнис академија Смилевски БАС, упатува искрени желби за здравје, мир, нова надеж и духовна радост до сите наши студенти, професори, соработници и пријатели.
Нека овој ден Ви донесе топлина во срцата, спокој и сила за сите животни и професионални предизвици што следуваат.
Како што учи Малиот принц:
„Човекот гледа добро само со срцето. Суштината е невидлива за очите.“
Затоа, во овие празнични денови, кога светот брза и брои време, успех, признанија, резултати, Божиќ нè учи да застанеме, да слушаме и да се грижиме едни за други .
Знаењето, човечноста и добрината се вредности што остануваат засекогаш — токму тие нè прават вистински богати
.
Нека срцето нè води кон добрина, внимание и споделување со другите .
Со желба празниците да Ви донесат светлина, мир и искрена радост во секој дом, Ви посакуваме среќен Божиќ
.
